Психоделичен феномен: Пустина среде зеленило чиј песок е во седум бои
Маврициус има една необична коинциденција, а тоа е дека една од неговите најпознати туристички атракции е прилично слична на неговото знаме. Имено, знамето на Маврициус се состои од четири бои кои се поставени хоризонтално една над друга: црвена, сина, жолта и зелена. А, она што ќе го видите на Маврициус има врска со ова.
Во едно мало село на западот на земјата, наречено Чамарел, се наоѓа чудо од песок. Геолошкиот феномен ги надминал природните убавини на оваа земја со својата необичност: мала пустина чиј песок е во неверојатни бои.
Црвена, кафеава, виолетова, розова, зелена, сина, жолта – сите се групирани по боја, само нежно се мешаат една со друга.
Туристите ги опишуваат овие песочни дини како психоделични, а убавите бои кои нежно преливаат една во друга се резултат на вулканска активност.
Се верува дека овие бои се резултат на ладење на вулканска прашина и карпи на различни температури и мешање со минерали, но една мистерија останува нерешена – песокот се групира според бојата.
Феноменот бил откриен неодамна, во 60-тите години на минатиот век, кога добил и неофицијално име: Песок во седум бои. Оттогаш, па сè до денес, тој остана една од најпопуларните дестинации на Маврициус, а со оглед на неговите плажи и прекрасната природа како силна конкуренција, ова кажува многу.
За среќа на песокот, но за жал на туристите, не можете да одите по него. Тој е опкружен со заштитна ограда, но можете да му се восхитувате одблизу и да фотографирате.
Тоа не е сè – во областа на овој разнобоен песочник има прекрасен егзотичен парк. Во морето на зеленилото има провалија по која паѓаат импресивни водопади.
Прочитајте за Островот на љубовта: Медитеранска идила во која би можеле да се за вљубите на прв поглед.