Првото куче во светот кое се искачило на Монт Еверест
Запознајте го Рупи, поранешно улично куче кое влезе во историјата така што стана првото куче во светот кое се искачило на Монт Еверест. Неговата сопственичка, Џоан Лефсон го нашла прегладнето во Северна Индија и одлучила да го спаси. Таа го однела дома и почнала да го подобрува неговото здравје со високо протеинска диета која се состоела од варени јајца и ориз. Откако тој ја вратил својата сила, Лефсон решила да го понесе со себе на мала авантура – искачување на Монт Еверест.
Рупи бил роден на Хималаите, па токму поради тоа не му било лошо на поголеми височини како што се случува со останатите кучиња.
„Имаше толку многу туристи кои се качуваа покрај нас по планината и не им се веруваше дека и кучето беше упатено накај базниот камп“, вели Лефсон.
Според неа, Рупи едвај одел кога првпат го нашла. На само 8-месечна возраст, ова кутре умирало од дехидрација и глад.
„Кога првпат го видов сигурна сум дека пред него немаше ниту еден час живот. Не можеше да оди ни 10 метри без да падне. Ова мало душиче имаше срце и јас можев да го забележам тоа, но беше премногу слаб затоа што со денови, а можеби и со недели немал ништо ни јадено ни пиено.“
Ако името Џоан Лефсон ви звучи познато, тогаш сигурно сте ја запомниле како гордиот сопственик на кучето Оскар кое покрај неа го прошета целиот свет. Експедицијата на Еверест била планирана за Оскар, но откако тој починал Лефсон го посвоила Рупи и некако знаела дека тој ќе може да успее.
„Рупи е наследник на Оскар и прекрасен пример за она што може едно бездомно куче да постигне доколку некој реши да му даде втора шанса“, вели таа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Многу се убави сликиве. Браво за Рупи!