Првите подвизи во вселенското патување и истражување
1972: Првото летало кое го напуштило Сончевиот систем
Пионер 10 бил лансиран во 1972 година и стана првото летало кое го напушти сончевиот систем на 22-ри септември 1990 година. До овој момент тоа поминало растојание 50 пати поголемо од она помеѓу сонцето и Земјата. Моментално се движи кон соѕвездието Бик.
1973: Првата американска вселенска станица
Скајлаб бил лансиран на 14-ти мај, 1973 година, но бил оштетен за време на лансирањето. Првиот од 3-те екипажи пристигнал 11 дена подоцна, и останал 28 дена. Тие направиле некои поправки и го поставиле рекордот за најдолг престој во вселената (во тоа време).
1976: Првото слетување на Марс
Викинг 1, леталото без екипаж ги испратило првите слики од површината на Марс на 20-ти јули, 1976 година.
1981: Првото вселенско летало за повеќекратна употреба
Вселенскиот шатл Колумбија полетал како ракета и слетал како авион во 1981 година. За жал, Колумбија се распаднала во 2003 година, кога се скршил дел од надворешниот резервоар и се заглавил во левото крило, притоа убивајќи го целиот екипаж.
1983: Првиот Афроамериканец во вселената
Гуијон Блуфорд Џуниор стана првиот Афроамериканец кој отишол во вселената со леталото Челинџер на 30-ти август, 1983 година.
1984 Првата вселенска прошетка без јаже
Во 1984 година Брус МекКандлес и Роберт Стјуард ја извеле првата вселенска прошетка без јаже. Тие биле опремени со ракетни појаси со чија помош се движеле и не биле закачени за леталото.
1986: Првата смрт на цивил
Кога експлодирал шатлот Челинџер на 28-ми јануари, 1986 година, загинале сите членови од екипажот, вклучувајќи ја и Криста МекАулиф, првата наставничка во вселената.
1990: Првиот вселенски телескоп
Во 1990 година е лансиран Хабл, првиот вселенски телескоп. Ова технолошко чудо ни дозволи да погледнеме подлабоко во вселената од кога било порано. Огледалото на телескопот било оштетено брзо по лансирањето, но поправено е во 1993 година.
1997: Првото гласање од вселената
Во 1997 година, астронаутот Дејвид Вулф е првиот човек кој гласал од вселената. Тој се наоѓал на вселенската станица Мир и неговиот глас тајно бил пратен до Контролата на мисијата во Хјустон.
1997: Првото патување на површината на друга планета
Иако веќе имало едно летало на Марс, роботот Соџурнер е првото возило кое ја истражувало површината на Марс откако слетало на 6-ти јули, 1997 година.
2001: Првиот вселенски турист
Денис Тито не е само американски инженер и милионер, тој е и првиот вселенски турист кој сам го финансирал овој подвиг. Тој поминал 8 дена во орбитата на Земјата и ја посетил Интернационалната вселенска станица.
2003: Првиот брак од вселената
Рускиот космонаут Јури Малеченко се оженил на 10-ти август 2003 година. Она што е интересно, е што тој бил во вселената во тој период.