Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Најголемиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“, кој дневно опслужува околу 68 милиони луѓе од 119 земји низ светот, започнал со работа во 1940 година како сендвичара, водена од браќата Ричард и Марис Мекдоналд. Оваа сендвичара се наоѓала на улиците „North E Street“ и „West 14th Street“ во Сан Бернандино, Калифорнија. Оригиналното име на ресторанот за брза храна било „McDonald’s Famous Hamburgers“ и во него се служеле повеќе од 40 видови скара.

Првиот ресторан за брза храна „McDonald's Famous Hamburgers“
Во октомври 1949 година, откако браќата сфатиле дека најголемиот профит го остварувале од продажбата на хамбургери, тие го смениле менито и во него имало само хамбургери, компири на крукчиња и сок од портокал. Наредната година тие во менито ги вовеле пржените компири и кока-колата. Едноставното мени и лесната подготовка на нивните бургери, им овозможило истите да ги продаваат за 15 центи, отприлика половина цена од бургер во ресторан.

Задоволни купувачи пред ресторанот во 1950 година
Во 1953 година, браќата почнале да го шират бизнисот во Феникс, во Аризона и во Дауни, Калифорнија, кој е моментално најстариот постоечки „Мекдоналдс“ ресторан во светот.

Една од првите постави кои работели во Мекдоналдс

Изгледот на првиот ресторан осветлен со неонски светилки во Дес Плеинс, Илиноис во 1955 година

Денеска е останат само знакот од првиот ресторан во Сан Бернандино, Калифорнија

Првиот „Drive-Thru“ на Мекдоналдс во Сиера Виста, Аризона

Денешниот изглед на најстариот останат ресторан во Дауни, Калифорнија
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.