Со помош на овој тест проверете дали при учењето сте точно ориентирани кон вашата цел
Има разлика од едно учење до друго. За да дознаете дали сте ориентирани точно кон вашата цел при учењето, одговорете со ДА или НЕ на овие 12 кратки прашања. Запишете ги вашите одговори на лист хартија и на крај проверете ги резултатите.
1. Дали ги имате запишано своите цели од учењето?
2. Дали вашите цели почнуваат со збор кој означува некој резултат (да научите, да положите испит, да постигнете нешто…)?
3. Дали вашата постигната цел произведува клучен резултат?
4. Дали вашата цел може да се измери?
5. Дали вашата цел се вклопува со вашите активности?
6. Дали вашата цел е реална и остварлива со одреден напор?
7. Дали вашата цел е во согласност со вашите планови?
8. Дали за остварување на целта ги имате обезбедено потребните ресурси (време, материјали, амбиент…)?
9. Кога ќе ја остварите целта, дали со тоа ќе се оправдаат вложените средства?
10. Дали сте задоволни со тоа како ги формулиравте вашите цели?
11. Дали ви се јасни користите кои ќе ги добиете од остварувањето на целите?
12. Дали имате направено календар за следење и оценување на остварените цели?
Откако ги запишавте вашите одговори, избројте на колку од нив имате дадено потврден одговор, па резултатите погледнете ги во продолжение.
Од 10 до 12 потврдни одговори
Од 7 до 9 потврдни одговори
Од 4 до 6 потврдни одговори
Од 0 до 3 потврдни одговори