Протест во Барселона кој достојно ги брани правата на животните
Активистите за заштита на правата на животните „Animal Equality“, организирале спектакуларен протест пред црквата Санта Еулалија во Барселона, кој најверојатно набрзо нема да го заборави ниеден човек кој се нашол во близина.Демонстрантите ги симулирале пакувањата со сирово месо коишто се продаваат во супермаркетите, но во еден многу поголем облик, а во нив пикнале фотомоделки обоени со крв црвена боја и ги покриле со пластични фолии. Целта била да се подигне свеста за убивањето на животните и да се предизвикаат сѐ повеќе луѓе да престанат да јадат месо. „Animal Equality“ е интернационална непрофитна организација за заштита на правата на животните, која настојува да го покрене вниманието и почитта кон животните и да се прекине ропството под кое се тие. Организацијата е позната по организирањето улични демонстрации за промоција на важноста на животните.Воедно „Animal Equality“ спроведува и директни акции и мерки против убивањето на животните, како на пример спасување на свињите од касапниците и пробивање во засолниште во кое се чувале 40.000 заробени животни. Овој необичен протест се случил на 20 март, 2013 година, во текот на интернационалниот ден без месо.
Доколку ви беше интересна оваа содржина, веројатно ќе ви се допаднат и протестите со бакнежи во Чиле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.