Проституција во време на корона: Што се случи со познатиот Црвен кварт во Амстердам?
Црвениот кварт е еден од најактрактивните делови на Амстердам каде што проституцијата е целосно легална. Во Холандија, оваа работа беше признаена и како легална професија во 1988 година.
Кога во март оваа година повеќето земји беа во карантин, престанаа да работат многу ресторани, а исто така беше затворен и Де Вален каде што работеа околу 300 проститутки. Иако проститутките кои редовно плаќаaт данок имаат финансиска помош од 1000 евра, за многумина тоа е премалку за да ги покријат најважните трошоци. Според некои статистички податоци, многу проститутки го заработуваат тоа во една недела. Некои девојки дури ја напуштиле оваа индустрија, бидејќи се плашеле од ризикот дека ќе се заразат со вирусот. Некои имале доволно заштеди за да чекаат повторно да се отвори Црвениот кварт, додека други работеле незаконски, бидејќи немале друга опција.
Иако Црвениот кварт е отворен во јули оваа година, бројот на луѓе кои сакаат да платат за секс се намалува. 70 проценти од клиентите биле странски туристи кои поради стравот од вирусот сега и не патуваат толку многу.
Проституцијата е една од оние професии каде што е невозможно да се избегне близок контакт со некоја личност. Поради коронавирусот, во Холандија има нови мерки за сексуалните работници. Проститутките треба да го испитаат секој клиент за можни симптоми и да одбијат да ги дадат своите услуги доколку постои ризик. Пред сексот треба двете страни целосно да се дезинфицираат, а потоа веднаш да ги отстранат чаршавите и да ја исчистат собата. Проститутките исто така треба да ги дезинфицираат сите површини што ги допира клиентот за време на посетата. Носењето на маски не е меѓу новите мерки, но многумина се откажале од бакнувањето во уста.
Можеби ќе ве интересира и 10 факти за проституцијата во викторијанската ера.