Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Една од најпознатите авении во Париз и светот, Шанз-Елизе или Елисејските полиња, наскоро ќе добие нов изглед. Градските власти дадоа зелено светло за зелена трансформација.

Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Според новиот план, авенијата треба да биде уште подостапна за пешаците и сообраќајот на автомобили намален за половина. Ќе бидат засадени повеќе растенија и дрвја за да се создаде впечаток на „зелени дневни соби“, а ќе започне и чистењето на водите на Сена. Оваа иницијатива започна поради пандемијата која ги остави улиците полупразни и тажни, а силните протести кои минатата година независно ги преплавија улиците на Франција не престанаа.

Градските власти се надеваат дека парижаните ќе се вратат на улиците. Пандемијата ја откри статистиката според која најголемиот дел од сообраќајот на пешаците на познатата авенија се состои од туристи. Локалните жители веќе подолго време се жалат дека градот е загаден и е многу скап. Во анкета од 2019 година, 30 проценти од парижаните не се согласуваат со тврдењето дека Елисејските полиња е најубавата авенија, а дури 71 процент го категоризираат Париз како туристички град.

Иако повеќето големи градови имаат свои хаотични зони, за авенијата долго време се зборуваше дека е преполна со туристи, а Париз како премногу скап за да им биде достапен за граѓаните. Медиумите го споредуваа со скап аеродром.

Трансформацијата треба да го разубави градот, но исто така да предизвика интерес кај самите парижани да шетаат повеќе и да уживаат во улиците на нивниот град, каде што ќе се чувствуваат удобно како дома.

Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Пролетта во Париз ќе биде поубава од кога и да е: Градот започнува со зелена трансформација

Погледнете го ова езеро во Хрватска кое изгледа волшебно во боите на есента, но исто така и под белата снежна покривка.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар