Пролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?
Нема многу истражувања кои се занимаваат со влијанието на годишните времиња врз психата, но температурата и светлината имаат свој удел во однесувањето и во промените на расположението. За луѓето родени во текот на пролетните и летните месеци се верува дека се со весел дух и со променливо расположение и се повеќе склони кон осцилации. Од друга страна, пак, се смета дека луѓето родени во есен и во зима се помалку раздразливи.
Постудените месеци, кога деновите се пократки, се поврзуваат со сезонското афективно нарушување. Почетокот на пролетта, пак, носи радост во животот на многу луѓе.
Ведрите и сончеви денови предизвикуваат добро расположение и позитивна енергија, а сивите и студени денови може да ве демотивираат. Причината е едноставна – недостатокот на светлина понекогаш предизвикува лачење хормони што предизвикуваат летаргија.
Во текот на зимата, многу луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување, што може да предизвика депресија, губење на интересот за активности што ги сакате, како и замор и зголемен апетит. Затоа, многу е важно да поминувате колку што е можно повеќе време на сонце во текот на сончевите денови. Во продолжение прочитајте што открива вашето омилено годишно време за вас.
Пролет
Пролетта носи подобро време, деновите стануваат подолги, а природата е позелена. Ако пролетта е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете по нови искуства.
Лето
Летото носи ведри, сончеви денови и подоцна заоѓа сонцето, а ако тоа е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате да излегувате и да имате активен живот. Летните месеци се совршени за патувања и за забави на отворено, па ако се препознаете во овој опис, вие сте дружељубива и екстровертна личност.
Есен
Иако почетоците претежно се поврзуваат со пролетта, за некои луѓе есента претставува вистинско време за промена и за осврт на тоа што е направено досега, така што ќе можат да прават планови за новата година.
Зима
Ако ги чекате ниските температури и моментите во кои сте дома на топло, веројатно сте интровертна личност која ужива да биде дома. Топол џемпер или топло ќебе и вкусен пијалак ја сочинуваат вашата добитна комбинација.
Промените на годишните времиња може да влијаат на тоа како размислувате, што чувствувате и како се однесувате. Но, тие се условени и од искуствата од детството и од други фактори. Ако поминувавте многу време на отворено додека бевте мали, веројатно сè уште го сакате летото.
Прочитајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање.