Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашат луѓето со векови

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашат луѓето со векови

Куклите колку што можат да бидат убави толку можат да бидат и морничави, особено навечер со нивните крупни очи кои светат во темнината и ви се чини како да ве гледаат… Тие изгледаат како луѓе, но цртите на нивното лице се изместени. Доколку и вам ве полазуваат морници од кукли, не сте единствени. Постојат многу приказни и верувања за проколнати кукли кои кружат низ светот со години. А да не зборуваме за многубројните хорор филмови каде главните ликови се токму страшните кукли убијци.

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Можеби токму нивниот невин и наивен изглед е виновникот за нивната морбидност. Очите се засекогаш отворени, насмевата од лицето никогаш не изчезнува… Нешто толку весело не би можело да биде злобно, нели? Напротив! Само сетете се на куклата Чаки, Анабел и онаа мала кукла на велосипед која ги пренесуваше пораките на Џигсо во „Пила“ (Saw).

Тоа се измислени ликови, но што е со вистинските приказни кои луѓето ги раскажувале за нивните лични искуства со кукли кои самите се движат и предизвикуваат необјасниви настани? Доколку сте расположени за нешто малку поинакво по кое тешко дека ќе заспиете вечер, прочитајте за следниве проколнати кукли и нивните страшни приказни…

Роберт

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Малото момче Роберт Јуџин Ото ја добил куклата Роберт како подарок. Во истиот момент, чудни нешта почнале да се случуваат во домот на Ото. Играчките исчезнувале и потоа мистериозно се враќале целите распарчени, а Ото почнал да сонува кошмари. Родителите кога поминувале покрај неговата соба, го слушале како се смее со некој кој имал длабок глас.

Најстрашниот момент е кога Ото имал објаснување за оваа бизарна активност: „Роберт го направи тоа“. По некое време, Роберт го оставиле на таванот и го чувале таму, но никогаш не успеале сосема да го замолчат. За време на неговото „прогонство“ на таванот, многумина изјавиле дека виделе мало човече како се движи горе, дури и имале слушнато чекори. Доколку некогаш имате можност да зборувате со Роберт, обрнете внимане на неговото лице: Се вели дека го менува изразот.

Куклата Роберт потоа станала сопственост на музејот Fort East Martello, а вработените велат дека тој продолжил со непристојното однесување. Наводно, камерите и другите електронски уреди престанувале да работат во негова близина.

Менди

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Менди е античка порцеланска кукла создадена во 1910 година. Навечер, нејзината сопственичка наводно слушала бебешко плачење во подрумот, но кога се симнувала да провери што се случува, само прозорецот бил отворен. Менди потоа била однесена во музеј, но нејзиното однесување не се променило. Исчезнувале предмети, понекогаш се враќале назад, понекогаш не. Го снемувало ручекот на вработените. Луѓето слушале чекори.

Потоа, Менди ја заклучиле сама во соба. По некое време, еден од вработените влегол кај неа и видел листови расфрлани насекаде. Електронските уреди не работеле во нејзино присуство, а посетителите изјавиле дека виделе како нејзините очи, прсти и глава се движат. Се вели дека таа дури и тропкала на ковчегот во кој била затворена.

Иако постапките на Менди се морничави, куклата или духот кој ја имал опседнато, не се сметале за зли. Експертите за паранормални активности тврделе дека душата на некое дете живеела во куклата и таа само барала внимание и љубов, како и секое друго нормално дете.

Анабел

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Во 1970 година една жена ја купила куклата Анабел на старо и ја подарила на ќерка ѝ Дона. Оттогаш животот на Дона и нејзината цимерка Енџи се претворил во вистински пекол. Куклата сама се движела, менувала позиции и се преместувала од соба во соба. Тие исто така почнале да наоѓаат чудни пораки напишани со детски ракопис на животинска кожа. Пораките гласеле: „Помогни ни“, „Помогни му на Лу“. Еден ден, Дона дошла дома и нашла крв на градите и дланките на Анабел.

Експертите за паранормални активности Лорејн и Ед Ворен преземале акција и заклучиле дека се работи за духот на сеудмгодишно девојче по име Анабел Хиџинс. Но, потоа сфатиле дека станува збор за демон кој се преправа дека е девојче, демон кој сакал да ја украде душата на едната од нив. Лорејн и Ед извршиле егзорцизам и наводно го решиле проблемот. Но, откако ја земале Анабел со нив, таа продолжила да прави проблеми и на крајот за заклучиле во ковчег.

Доколку оваа приказна ви звучи познато, сигурно сте го гледале филмот „Повикување на злото“ (The Conjuring), во кој Анабел имаше споредна улога. Нејзината приказна беше толку интересна што потоа се појави филм и со нејзиното име „Анабел“ (Annabelle).

Окику

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Во 1918 година 17-годишниот Еикичи Сузуки ја купил Окику како подарок за неговата двегодишна сестра. Таа ја обожавала куклата и си играла со неа секој ден. За жал, следната година таа умрела од настинка. Семејството ја поставило куклата на олтар во домот и секојдневно ѝ се молеле, во име на нивната ќерка. Иако куклата првично имала кратка коса, таа почнала да расте и стигнала до нејзините колена. Некои луѓе тоа го сфатиле како знак дека духот на малото девојче сега се наоѓа во куклата.

Семејството се преселило во 1938 година и ја оставило куклата во храмот Маненџи каде што останала до ден денес.

Пеги

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Не би ви препорачале предолго да гледате во фотографијата од Пеги од следнава причина: Според верувањата, самото гледање во фотографии или видеа од куклата може да предизвика опасни околности. Жртвите на Пеги изјавиле дека почувствувале болки во градите, мачнина, мигрени, дури и срцев удар откако разгледувале слики и видеа од куклата. Тие дури имале и визии од психијатриски болници, злоставување и анксиозност.

Што и да правите не ја гледајте Пеги директно во очи!

Џолиет

Проколнати кукли: Морничави приказни кои ги плашеле луѓето со векови

Џолиет му нанесува болка на семејството кое ја чува со генерации, но тие сепак одбиваат да ја напуштат. Џолиет првично ѝ била дадена на жена за време на нејзината втора бременост како подарок од пријателка. Но, пријателката била всушност многу љубоморна на неа и Џолиет била проколната. Жената родила син кој починал третиот ден.

Станувало збор за шема: Жените раѓале една ќерка и еден син кој умирал третиот ден. Тоа продолжило да трае до ден денес и веќе 4 генерации поминале низ истото. Звуци на бебиња како плачат можеле да се чујат од Џолиет, а жените од фамилијата верувале дека тоа се гласовите на нивните починати синови. Од таа причина тие не сакаат да се ослободат од куклата која им има нанесено толкава болка. Веруваат дека на тој начин ги штитат нивните момчиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар