Проколнати хотели: Не е препорачливо за оние со слабо срце
Автор: Маја Линкова
Самоубиство, убиство или ненадејна смрт, се основата на мрачните приказни за духовите кои скитаат низ проколнатите хотели ширум светот и ги „ловат“ гостите. Очигледно, духовите сакаат луксузни хотели. Како што велат некои луѓе, многу духови шетаат во древните замоци во Англија. Но, духовите не се присутни само на британските острови, туку понекогаш тие од замоците и старите куќи скршнуваат во удобноста на хотелите. Без разлика дали верувате во духови или сте љубители на мистериите, веројатно ќе сакате да знаете некои од најпознатите проколнати хотели во светот. Но, немојте да кажете дека не ве предупредивме!
1. Хотелот „Дел Коронадо“, Сан Диего, Калифорнија
Телото на Кејт Морган било пронајдено во соба број 302, 6 дена подоцна откако дошла во хотелот за да се сретне со својот сопруг за денот на благодарноста. Тоа се случило во 1892 година. Нејзиниот сопруг никогаш не се појавил, а ненадејната смрт на Кејт била прогласена за самоубиство. Хотелот го променил бројот на собата во 3312, но велат дека духот на Кејт сè уште шета низ целиот хотел.
2. Замокот „Шилдхил“, Единбург, Шкотска
Посетителите на хотелот ја раскажуваат приказната за „Сивата љубовница“ која го прогонува замокот во Единбург. Според легендата, сивата љубовница била дете на парот кој го поседувал замокот, сè до средината на 20 век. Велат дека таа се заљубила во некој слуга и сакала да се омажи со него. Нејзиниот татко го оспорувал тој брак, па поради тоа таа се самоубила.
3. Хотелот „Холивуд Рузвелт“, Лос Анџелес, Калифорнија
Најголемиот дел од славните личности, одбирале да престојуваат во овој хотел кој се наоѓа во срцето на холивудската филмска индустрија. Во гламурозните години на овој хотел, дури биле одржани и „Оскарите“. Легендата кажува дека духот на Мерлин Монро, која начесто престојувала во соба број 1200, сè уште талка наоколу, а понекогаш нејзиниот лик се прикажува на огледалото во ходникот.
4. Хотелот „Сагамор“, Болтон лендинг, Њујорк
Луѓето велат дека во овој хотел шета духот на мало дете од 50-те години, кое собирало голф топчиња од терените за голф во хотелот. Собраните топчиња ги продавал во спортските продавници за да заработи пари. Еден ден, додека трчал по топче, бил прегазен од кола. Гостите на хотелот велат дека духот на детето талка околу терените за голф.
5. Хотелот „Провинцијал“, Њу Орлеанс, Луизијана
Њу Орлеанс е познат по приказните за духови. За време на војната во САД, дел од хотелот се користел како болница за Конфедерациската армија. Чуварите на хотелот изјавиле за мистериозните појавувања и исчезнувања на дамки крв. Еднаш подоцна, кога гостите се возеле со лифтот, вратата се отворила на вториот кат и ја открила целата болничка соба. Гостите биле воодушевени од тоа што им се случило.
6. Хотел „Дрискил“, Остин, Тексас
Мирисот на цигари виорел во воздухот, кога духот на полковникот Дрискил се шетал наоколу низ луксузниот хотел. Тој бил офицер на Конфедерациската армија за време на војната во САД. Но, ова не бил единствениот дух во хотелот. Во 1877 година, ќерката на сенаторот од Тексас, починала на скалите во хотелот. Луѓето велат дека сѐ се слуша како таа си игра со топката во ходникот и на средишните катови.
7. Куќата на маршалот, Савана, Џорџија
Куќата исто така се користела како болница за време на граѓанската војна во 19 век, во периодот кога се ширела треската. Се сметало дека ова е најпознатиот проколнат хотел во градот. Ако би сакале да сретнете повеќе духови, би можеле да го посетите познатиот ресторан „Пиратска куќа“. Таму има бразда која ја ископале пиратите и води од ресторанот до реката.
8. Хотелот „Хитман“, Портланд, Орего
Посетителите на овој хотел пријавиле дека мистериозно им исчезнуваат предмети од собата или се преместуваат додека нема никој. Ова се случувало постојано, особено во собите со број 03 во нив.
А вие, дали верувате во приказните за духови? Или пак можеби имате да споделите некое искуство. 🙂