Проклет телефонски број кој поради големиот број смртни случаи сега е надвор од употреба
Мобилните оператори пред неколку години го укинале телефонскиот број 0888 888 888, откако секој човек што го имал тој број во последните 10 години завршил мртов.
Првиот сопственик, Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на бугарска мобилна компанија, кога сосема неочекувано умрел од рак во 2001 година на возраст од 48 години. Бројот веднаш потоа му припаднал на бугарскиот тајкун Константин Димитров кој бил убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имал 31 година, а убиството му е припишано на неговиот руски ривал.
„Проклетиот“ телефонски број потоа го користел бизнисменот Константин Дишилев кој бил убиен пред индиски ресторан во Софија во 2005 година. Дишилев бил погоден токму во моментот кога се јавувал на телефон.
По неговото убиство, полицијата открила некои сомнителни бизниси поврзани со дрога, па така телефонскиот број бил исклучен додека траела полициската истрага.
Сепак, ако сега се обидете да се јавите на +359 888 888 888 (359 е позивен број за Бугарија), операторот ќе ви соопшти дека бројот е „надвор од функција“.
Официјалните мобилни компании не сакале да го коментираат овој случај, но потврдиле дека „баксузниот“ телефонски број е исклучен.