Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Cancer Grad е веб-сајт што го истражува влијанието на ракот на дојката на женското тело и душа. Користејќи хумор и искреност, тие имаат цел да докажат дека луѓето кои ја победиле оваа страшна болест не треба да се опишуваат со епитетот „преживеани“.

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Овој веб-сајт ја трансформира традиционалната приказна за ракот со тоа што има направено платформа преку која болните од рак можат да пронајдат нови перспективи, да споделат искуства и да се поврзат со група за поддршка.

Cancer Grad е основан од страна на Аниела МекГинис и Нора МекМахон, херојки кои успеале да се изборат со ракот. Тие се обидуваат да го редефинираат искуството низ кое поминуваат болните од рак и да докажат дека не станува збор само за етикета, туку за цела револуција.

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Аниела и Нора се запознале преку заеднички пријател. Тие имале многу заеднички нешта: Слична смисла за хумор, знаеле да се шегуваат на своја сметка, а и на двете им бил дијагностициран рак. Набрзо станале добри пријателки.

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Еднаш додека разговарале, Аниела и Нора признале дека ниту една од нив не можела да се пронајде во поимот „преживеана од рак“. Тие сакале да ги согледаат нивните дијагнози и терапии од поинаков аспект, таков што нема да буди негативни мисли поврзани со војна и битка.

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Тие сфатиле дека не само што преживуваат, туку исто така и се надградуваат. Почнале да ја бараат позитивната страна на дијагнозата на рак и да ја разбираат како можност за учење и развој.

Проект со инспиративна цел: Зошто луѓето кои го победиле ракот не се жртви?

Токму поради тоа, Cancer Grad започнале движење на светско ниво за сите „ученици“ и „академци“ кои би можеле да се инспирираат меѓусебно, да споделуваат искуства и совети за лекциите што ги научиле од овој застрашувачки животен „учител“.

Прочитајте ја и оваа инспиративна приказна за мајка која прави перики за девојчиња болни од рак со кои тие изгледаат како принцези од Дизни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар