Прочуениот индиски духовен водач Ошо тврди дека „F*ck“ e најубавиот збор во англискиот јазик
Надгробниот натпис на Ошо гласи: „Никогаш роден, никогаш умрен – само ја посети планетата Земја во периодот помеѓу 11 декември 1931 година и 19 јануари 1990 година.“
Откако претходно го отстранил неговото оригинално име од секаде, на крајот конечно решил да го прифати името „Ошо“, објаснувајќи дека тоа е извлечено од легендарниот збор на филозофот Вилијам Џејмс – „океански“ (oceanic), кој прв го употребил овој збор во смисла на бесконечност, бесмртност и бескрајност. Ошо за своето ново име првично рекол:
„Тоа не е моето име, тоа е звук којшто исцелува“.
Подоцна му дал и значење на името „Ошо“, додавајќи:
„Зборот ‘океански’ го опишува искуството, но што се случува со самиот искусувач? За него, го користиме зборот ‘oшо’“.
Тој бил индиски спиритуален водач, учител и мистик. Неговото име после раѓањето било Шандра Мохан Џаин. Во периодот помеѓу 70-тите и 80-тите години, тој бил познат под името Багван Шри Раџниш, а под името Ошо всушност се прочул само во последните години од неговиот живот и денес.
Еден од неговите студенти еднаш го запрашал:
„Драг господару, јас сум шокиран од фактот дека вие го користите зборот ‘f*ck’. Што да правам во врска со тоа?“
Ошо одговорил:
„Саргамо, тој е еден од најубавите зборови што постои. Англискиот јазик треба да се гордее со овој збор. Не верувам дека во некој друг јазик има толку прекрасен збор.
Некој си Том од Калифорнија има направено огромно истражување за овој збор.
Еден од најинтересните зборови на денешницата во англискиот јазик е зборот ‘f*ck’. Тоа е навистина еден магичен збор: само слушајќи го неговиот звук, тој опишува болка, задоволство, омраза и љубов. Во јазична смисла на зборот, тој припаѓа на многу различни граматички категории. Може да биде употребен како глагол, именка или придавка. Како што можете да се уверите и самите, нема баш други зборови коишто се толку сестрани како што е зборот ‘f*ck’.
Освен неговото сексуално значење, постојат и следниве негови примени:
Измама: Ме за*баа на паркингот за продажба на половни возила. (I got f*cked at the used car lot.)
Незнаење: Е*и ме, ако знам. (F*cked if I know.)
Неволја: Изгледа сум по*бан. (I guess I am f*cked now!)
Агресија: Е*и се! (F*ck you!)
Незадоволство: Што правиш ти тука е*аго? (What the f*ck is going on here?)
Тешкотија: Не можам да ја сфатам оваа е*ана работа. (I can’t understand this f*cking job.)
Некомпетентност: Тој е е*иветер. (He is a f*ck-off)
Сомнеж: Што правиш е*аго? (What the f*ck are you doing?)
Уживање: Е*ено добро си поминав. (I had a f*cking good time.)
Барање: Оди си од тука е*ате! (Get the f*ck out of here!)
Непријателство: Ќе ти ја скршам е*ената глава! (I am going to knock your f*cking head off!)
Поздравување: Како си е*аго? (How the f*ck are you?)
Апатија: Кому му е гајле е*аго? (Who gives a f*ck?)
Иновација: Земи поголем е*ан чекан. (Get a bigger f*cking hammer.)
Изненадување: Е*аго! Ме извади од памет! (F*ck! You scared the shit out of me!)
Анксиозност: Денешниов ден е стварно за*бан. (Today is really f*cked.)“
Погледнете го видеото за да го слушнете неговиот говор за зборот „f*ck“.
Згора на тоа, Ошо смета дека овој збор е и многу здрав.
„Доколку секое утро, веднаш штом станете практикувате трансцендентална медитација, првата работа што треба да ја направите, е да ја повторувате мантрата „Е*и се!“ (F*ck you!) по пет пати – тоа ќе го прочисти вашето грло. На овој начин јас го одблокирам моето грло!
10-те заповеди на Ошо
Ошо, во едно интервју бил запрашан да ги наведе неговите 10 заповеди, па тој ги набројал „од забава“:
1. Никогаш не слушај ничија заповед, освен ако не потекнува од тебе.
2. Не постои друг Бог, освен самиот живот.
3. Вистината е во тебе, не ја барај на друго место.
4. Љубовта е молитва.
5. Ако постанеш ништожник, тоа е твојата врата кон вистината. Ништожноста сама по себе, е средството, целта и резултатот.
6. Животот е сега и тука.
7. Живеј будно.
8. Немој да пливаш, лебди.
9. Умирај секој момент, за да можеш да бидеш нов во секој момент.
10. Не барај. Она што е, е. Застани и погледни.
Може да ве интересира и: Мистериозната мудрост на Ошо – она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс.