Прочитајте го генијалниот начин на кој оваа мајка им открила на своите деца дека Дедо Мраз не постои

Прочитајте го генијалниот начин на кој оваа мајка им открила на своите деца дека Дедо Мраз не постои

Децата уживаат во новогодишните и божиќните празници, но во еден момент, кај нив почнуваат да се јавуваат милион сомнежи. Од каде доаѓаат сите тие подароци? Кој е Дедо Мраз? Како се симнува од оџакот кога вие живеете во зграда? Тешко е да им се каже на децата вистината за Дедо Мраз, но едно семејство нашло одличен начин да им ја открие реалноста, без да им го убие новогодишниот дух.

Прочитајте го генијалниот начин на кој оваа мајка им открила на своите деца дека Дедо Мраз не постои

Лесли Раш е професорка по историја од Ел Пасо, Тексас. Таа ја напишала приказната пред 10 години, но сѐ уште може да послужи како одличен пример. Прочитајте како таа им ја откривала вистината за Дедо Мраз на своите деца…

Во нашето семејство, се обидуваме да преминеме од добивање подароци од Дедо Мраз во станување Дедо Мраз. На овој начин, идејата за Дедо Мраз не е лага, туку низа од добри дела што полека се разоткриваат.

Кога ќе наполнат 6 или 7 години, ако забележите дека децата се сомневаат во Дедо Мраз, тоа значи дека се подготвени да ја дознаат вистината. Тогаш, решавам да ги однесам „на кафе“. Седнуваме во локално кафуле, нарачуваме пијалаци и го кажувам следново:

„Многу си пораснал/а оваа година. Не само што си станал/а повисок/а, туку можам да видам дека и срцето ти пораснало. (Наведете 2-3 примера на добро однесување и добри дела што ги направило детето во текот на годината). Всушност, срцето толку многу ти пораснало, што мислам дека си подготвен/а да станеш Дедо Мраз.

Најверојатно си забележал/а дека повеќето Дедо Мразовци што ги гледаш се луѓе облечени како него. Некои од другарчињата можеби ти кажале дека Дедо Мраз не постои. Многу деца мислат така, бидејќи не се подготвени да станат Дедо Мраз, за разлика од тебе.

Кажи ми ги најдобрите работи поврзани со Дедо Мраз. Што добива Дедо Мраз за сиот негов труд? (наведете го детето да наброи работи почнувајќи од колачиња, до убавите чувства што се јавуваат кога ќе направите нешто за некого). Сега, ти си подготвен/а за твојата прва задача како Дедо Мраз!“

Потоа, му велиме на детето да одбере некого, најчесто некој сосед. Мисијата на детето е тајно да открие што му треба на човекот, да го обезбеди, завитка и да го достави, но да не открие од каде дошол подарокот. Поентата на работата на Дедо Мраз не е да се добие заслуга. Станува збор за несебично давање.

Моето најстаро дете ја одбра „вештерката“ од маалото. Таа навистина беше ужасна. Имаше ограда околу куќата и никогаш не им дозволуваше на децата да влезат за да си ја земат топката што случајно им одлетала внатре. Им викаше да бидат потивки и слично. Тој забележа дека секое утро таа излегуваше да го земе весникот боса, па заклучи дека ѝ требаат папучи. Па, потоа мораше да шпионира за да открие кој број обувки носи. Една сабота се криеше во грмушките и заклучи дека носи 38. Отидовме во продавница и купивме папучи. Ги завиткавме и напишавме „Среќен Божиќ од Дедо Мраз“. Еден ден, откако вечеравме, тој отиде до нејзината куќа и ѝ го стави подарокот пред врата. Наредното утро, видовме како излезе да го земе весникот, го зема подарокот и влезе внатре. Син ми беше многу возбуден и едвај чекаше да види што ќе се случи следно. Наредното утро кога поминувавме, таа излезе по весникот и ги носеше папучите! Тој беше пресреќен! Морав да го потсетам дека никој не смее да дознае што направил, во спротивно нема да биде Дедо Мраз.

Со текот на годините, тој одбра многу различни луѓе и секогаш знаеше што да им подари. Еднаш, тој го обнови неговиот велосипед, му стави ново седиште и го подари на ќерката на еден од нашите пријатели. Луѓето беа многу сиромашни. Го прашавме таткото дали е во ред. Изразот на нејзиното лице кога го виде велосипедот со панделка на него беше речиси исто толку прекрасен колку изразот на лицето на син ми.

Кога дојде време за вториот син да се вклучи во работата, мојот постар син дојде и се вклучи во говорот. И двајцата се одлични подарувачи и никогаш не се почувствувале измамени, бидејќи и самите станаа дел од тајната за Дедо Мраз.

Прочитајте го генијалниот начин на кој оваа мајка им открила на своите деца дека Дедо Мраз не постои

Оваа идеја го трогна целиот Интернет и многу луѓе ја поддржаа приказната па дури и самите почнаа да ја применуваат. Иако некои родители веруваат дека не треба да се уништи детската замисла за Дедо Мраз, сепак сигурно ќе се согласите дека на овој начин децата би можеле да научат како несебично да подаруваат и да прават добри дела. Што мислите вие за оваа идеја? Дали би им ја раскажале оваа верзија за Дедо Мраз на вашите деца?

Сепак, некои деца претпочитаат да веруваат во Дедо Мраз. Прочитајте ги најслатките и најсмешните писма до Дедо Мраз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар