Прочитајте ги овие цитати од Дизни цртаните и веднаш прегрнете ги вашите најдобри пријатели!

Прочитајте ги овие цитати од Дизни цртаните и веднаш прегрнете ги вашите најдобри пријатели!

Секогаш треба да им кажувате на пријателите колку ви значат. Не чекајте погоден момент или посебна прилика. Без никакво двоумење, направете го тоа веднаш! Луѓето обично се каат кога засекогаш ќе ја пропуштат можноста да им дадат до знаење на нивните сакани колку ги ценат. Пријателството е скапоцено и доколку имате луѓе на кои можете да им ги кажете вашите најдлабоки тајни, знајте дека тоа е голема реткост и не треба да го земате здраво за готово. Не е важно колку пријатели имате, туку какви. Доколку не знаете како да ја искажете љубовта кон вашите најдобри пријатели, следниве цитати од Дизни цртаните можеби ќе ви помогнат…

Прочитајте ги овие цитати од Дизни цртаните и веднаш прегрнете ги вашите најдобри пријатели!

„Не би го менувал со ништо. Никогаш! Твоето пријателство е најдобриот подарок на светот.“ – Тигер од „Вини Пу“

„Не ни бевме свесни дека создаваме сеќавања. Знаевме само дека се забавуваме.“ – Вини Пу

„Кога те сретнав, знаев дека ме чека некоја авантура.“ – Вини Пу

„Ти си луд. Вистински лудак. Но, ќе ти кажам една тајна… Најдобрите луѓе се такви.“ – Алиса во Земјата на чудата

„За некои луѓе вреди да се стопиш.“ – Олаф од „Замрзнато“

„Ако не престанете да верувате, сонот што го посакувате ќе се оствари.“ – Пепелашка

„’Охана’ значи семејство. Семејството значи дека никој нема да биде заборавен.“ – Лајло и Стич

„Кога ќе те погледнам, можам да го почувствувам тоа. Те гледам и дома сум.“ – Дори од „Барајќи го Немо“

Прочитајте ги овие цитати од Дизни цртаните и веднаш прегрнете ги вашите најдобри пријатели!

„Јас сум ти пријател.“ – „Приказна за играчките“

„Без разлика што ќе се случи, за мене секогаш ќе бидеш принц.“ – Духот од „Аладин“

„Ќе ми недостасуваш кога ќе се разбудам.“ – Алиса во Земјата на чудата

„ Толку многу се забавувате кога сте заедно со најдобриот пријател што не сте ни свесни колку смешен пар сте.“ – „Лисицата и кучето“

„Ние сме семејство, ние се држиме заедно.“ – „Приказна за играчките“

„Јас и ти сме тим. Ништо не е поважно од нашето пријателство.“ – „Чудовишта“

„Секоја минута помината во твое друштво се претвора во најдобриот момент во мојот живот.“ – „Гром“

„Мојот сон не би бил целосен без тебе во него.“ – „Принцезата и жабата“

Прочитајте ги и овие цитати од легендарните Дизни цртани филмови кои и денес нè инспирираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. sanja Reply

    Prekrasno!! Sekoja cest

Остави коментар