Прочитајте ги мудрите зборови на актерот Лијам Нисон: Која е најтешката работа на светот?

Прочитајте ги мудрите зборови на актерот Лијам Нисон: Која е најтешката работа на светот?

Иако неговата сопруга Наташа починала пред 8 години во несреќа за време на скијање, Лијам Нисон сѐ уште се надева дека еден ден таа ќе чукне на вратата од нивниот дом. Кога отишол во болницата каде што била одведена неговата жена, докторите му кажале дека таа има сериозно оштетување на мозокот поради големиот оток што се појавил како последица од силен удар во карпа. Тогаш тој требало да донесе многу тешка одлука: Дали да го исклучи апаратот што ја одржувал во живот? Одлучил да не го направи тоа некое време за да можат семејството и пријателите да се збогуваат со неа. Ова се неговите трогателни и мудри зборови што ги кажал по смртта на неговата љубена…

Прочитајте ги мудрите зборови на актерот Лијам Нисон: Која е најтешката на работа на светот?

Велат дека најтешката работа на светот е да ја изгубите саканата личност. Личноста со која сте остареле и сте гледале како расте секој ден. Личноста која ви покажала како се љуби. Тоа е најлошата работа што може да му се случи на човек. Мојата сопруга почина одненадеж. Таа ми носеше толку многу радост. Таа ми беше сѐ. Тие 16 години додека бев нејзин сопруг, научив што е безусловна љубов.

Мора да сопреме и да бидеме благодарни за нашата љубов, бидејќи животот е многу краток. Поминувајте време со вашите сопружници. Однесувајте се добро со нив. Еден ден кога ќе погледнете во вашиот телефон, тие нема да бидат таму.

Она што навистина го научив е да живеам и да љубам како секој ден да е последен, затоа што еден ден тоа навистина ќе биде така. Искористете ги можностите што ви се нудат и живејте го животот. Кажувајте им на вашите сакани дека ги саката секој ден. Немојте ниту еден момент да го земате здраво за готово. Животот вреди да се живее.

Прочитајте ги и мудрите зборови на Ал Пачино.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар