Проблеми со кои се соочуваат луѓето кои премногу размислуваат

Проблеми со кои се соочуваат луѓето кои премногу размислуваат

Некои луѓе едноставно премногу се заморуваат со сè и сешто и честопати губат повеќе време во размислување отколку во дејствување. Тие премногу се грижат за тоа што го кажале другите луѓе, за начинот на кој го кажале, не можат да донесат најобична одлука и тоа доведува до анксиозност, па дури и панични напади. Доколку сметате дека и вие сте едни од нив, тогаш сигурно ќе се препознаете во следниве неколку ситуации…

Проблеми со кои се соочуваат луѓето кои премногу размислуваат

Ја доведувате до прашање вашата вредност секогаш кога ќе ве одбијат

Еднаш ви се случило некој да ве одбие или остави и вие веднаш почнувате да мислите дека не сте доволно добри. Ќе го прегледате секое можно сеќавање само за да ја најдете причината зошто таа личност не сака да биде со вас. Секогаш мислите дека вие сте биле виновни за сè. Но, тоа не е вистина. Немојте да сметате дека треба да се промените за да им се допаѓате на другите или за некој да остане покрај вас. Вистинските луѓе ќе останат со вас до крајот, нема сомнеж во тоа.

Кога запознавате нови луѓе, внимателно анализирате сè што ќе кажат или направат

Тука не спаѓаат луѓето кои веќе се во вашиот живот и целосно ве прифатиле онакви какви што сте. Но, ако забележите дека некој се однесува малку поладно со вас, тоа веднаш станува проблем. Одеднаш го оптоварувате вашиот мозок со прашања како „Да не знаат нешто за мене што ги навредило? Да не зборуваат луѓето лошо работи за мене? Да не ги зјапам премногу, да не се смеам многу гласно?“. Верувајте дека тие воопшто не ни забележуваат дека вие толку се заморувате. За нив тоа не било голема работа, туку едноставно се малку срамежливи. Но, ако сепак испадне дека слушнале лоши работи за вас, време е да им докажете дека грешат. Опсипете ги со добрина!

Промена во тонот на гласот

Вие ги забележувате сите работи што се случуваат околу вас. Гласот на луѓето го поврзувате со нивните емоции и ако некој го повиши тонот повеќе од вообичаено додека зборува со вас, веднаш помислувате дека ви се лути. Тогаш сметате дека тонот на гласот се променил поради вас, но вистината е дека сте само параноични.

Едносложни одговори од пријателите

Веројатно не сте навикнати вашите зборлести пријатели да ви одговараат со едносложни зборови. Па така, кога тоа ќе се случи, веднаш помислувате дека нешто не е во ред. И тогаш почнувате да им досадувате со еден куп прашања. Доколку нешто навистина им пречи, тие ќе ви го кажат тоа. Честопати вистината е дека едноставно не се расположени. Што и да е случајот, вие ќе поминете со часови во размислување. Единствениот лек е кога нештата ќе се вратат во „нормала“ и вашиот пријател пак ќе се однесува со вас како вообичаено.

Проблеми со кои се соочуваат луѓето кои премногу размислуваат

Социјалните мрежи можат да се претворат во вашиот најголем кошмар

Доколку некој престане да ве следи на Инстаграм, ве избрише од пријатели на Фејсбук или ви го тргне лајкот од сликата, веднаш почнувате да се прашувате: „Зошто престана да ме следиш? Да не објавив нешто навредливо?“. Тогаш почнувате да ја барате причината дури и да не сте биле воопшто блиски со таа личност. Што ако по грешка престанале да ве следат? Но, што ако не е грешка? Не се заморувајте со ова (иако веројатно ќе го правите тоа).

Правите најлошо сценарио за речиси секоја можна ситуација

Доколку вашата сестра не се врати дома во вообичаеното време и не ви се јави, веднаш помислувате на нешта кои се апсурдни. Дури кога сестра ви ќе се врати дома сфаќате дека сценаријата што сте ги направиле не се воопшто возможни. А да не почнеме да зборуваме за испитот кој треба да го полагате наредна недела или за проектот кој треба да го презентирате. Секогаш мислите дека сè ќе тргне наопаку!

Секогаш размислувате за тоа што ќе го кажат другите

И понекогаш заборавате што е тоа што вие го сакате. Размислувате за тоа како луѓето би реагирале кога би го правеле она што ве прави среќни. Но, треба да сфатите дека секогаш ќе има луѓе кои нема да ви го посакуваат најдоброто, така што воопшто не би требало да мислите на нив. Научете да го живеете вашиот живот. Не за другите, туку за вас самите.

Шегите не се секогаш само шеги

Ќе се сетите на некоја шега што ја кажал вашиот пријател и почнувате да мислите на неа затоа што знаете дека секоја шала е пола вистина. На крајот, сепак кревате раце и решавате да заборавите на тоа, но не пред да завршите со анализирање дали тој ви е навистина пријател или не.

Грешките што сте ги направиле ги окупираат вашите мисли во ниедно време во ноќта

Спиењето станува вистински предизвик кога ќе почнете да мислите на тоа кога сте го разочарале вашиот пријател или тогаш кога сте паднале на испитот. Без разлика колку мала или голема била грешката, вие лежите во кревет и силно посакувате, но никако не успевате, да престанете да мислите на овие работи!

Проблеми со кои се соочуваат луѓето кои премногу размислуваат

Комплимент или сарказам?

Кога некој ќе ви даде комплимент, вие не можете да процените дали е искрен или дали целта на личноста е да ве исмее поради тоа што сте толку наивни. Не само што се сомневате во другите, туку почнувате да се сомневате и во самите себеси.

Не сте сигурни дали изборот што сте го направиле е вистинскиот избор

Не е важно дали се работи за тоа кое пенкало да го купите или кој предмет да го изберете, на крајот вие размислувате дали ќе зажалите поради изборот што сте го направиле. Сепак решавате да живеете со вашиот избор, бидејќи почнувате премногу да размислувате за тоа што ќе се случи ако се откажете.

Луѓето ве сметаат за песимисти

Поради тоа што не сте спонтани и не можете да бидете безгрижни, луѓето мислат дека сте негативни. Вие всушност не сте песимисти, туку реалисти. Малите работи влијаат на вас и затоа честопати се повлекувате ако мислите дека нешто би можело да ве повреди. Тоа не значи дека понекогаш не преземате ризик и не решавате да скокнете во нови авантури, но прво ќе се погрижите да си набавите падобранец.

Премногу размислувате за тоа дека премногу размислувате

Нема потреба од дополнително објаснување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар