Проблеми кои само слабите девојки можат да ги разберат
И покрај тоа што се смета за сурово доколку правите забелешки за нечија преголема телесна тежина, луѓето сметаат дека е фер да се коментира за жените кои се природно слабички. Покрај најдобро познатото „потребно ти е повеќе месо на твоите коски“ и честото споредување со даска или прачка, постојат голем број проблеми кои само слабите девојки ги разбираат. Погледнете дел од нив…
1. Непознати луѓе ве прашуваат дали јадете нешто и постојано добивате забелешки дека треба да јадете повеќе.
2. Невозможната мисија да најдете пантолони кои се добри на вашиот струк, но кои исто така се и доволно долги за вашите нозе.
3. Постојаните забелешки на луѓето дека „би сакале да го имаат вашиот проблем“ и дека нема причина да се срамите, да бидете несигурни или пак, да се жалите затоа што сте премногу слаби.
4. Слабите нозе предизвикуваат вашите стапала да изгледаат премногу големо.
5. Дрвените или метални столчиња кои немаат перничка врз нив ги повредуваат вашите коски на задникот и грбот.
6. Не ви е дозволено да донирате крв бидејќи едноставно сте преслаби…
7. Луѓето ви велат дека им е страв да ве прегрнат бидејќи се плашат да не ве скршат.
8. Секогаш ви се потребни каиши!
9. Претпоставката дека имате некаков вид нарушување во исхраната, како да може да се дијагностицира менталното здравје според изгледот.
10. Ако надвор дува ветер, постојано ве предупредуваат да бидете претпазливи за да не ве одвее.
11. Луѓето прават шеги за вашата тежина, како да не е исто толку болно како да се прават шеги за личност со прекумерна телесна тежина.
12. Ја носите истата големина на градник уште од средно училиште.
13. Никој не ви верува дека обожавате храна и дека јадете многу, па постојано ве тераат да им докажете.
14. Познати сте како „таа слабата“.
15. Луѓето ве прашуваат зошто вежбате, бидејќи сметаат дека слабите луѓе се автоматски здрави и дека нема потреба да вежбаат.
16. Немате облини со кои би ги пополниле гламурозните модни комбинации и ви кажуваат дека „XS“ не е вистинска големина.
17. Потребни ви се трегери за вашите хеланки за јога бидејќи ластикот едноставно не ги држи доволно добро на вашето тело.
18. Што и да правите, не можете да ја покачите вашата телесна тежина и кога ќе се пожалите за ова на другите тие превртуваат со очите.
19. Ладно ви е. Секогаш!
20. Постојано ви велат дека „вистинските жени имаат облини“ и дека „мажите не сакаат рамни фигури“ како да треба да се срамиме од одредени градби на телото, додека пак да ги славиме другите.
21. Објаснувањето дека и слабите девојки, исто како оние со облини, можат да бидат секси. Но, не е сè во градбата на телото бидејќи она што се смета за најсекси кај една жена е самодовербата!