Пробајте го ова со вашите прсти: Што кажува оваа древна кинеска легенда за љубовта и односите?

Пробајте го ова со вашите прсти: Што кажува оваа древна кинеска легенда за љубовта и односите?

Според една кинеска легенда:

  • Палците ги претставуваат родителите.
  • Показалците ги претставуваат вашите браќа, сестри и пријатели.
  • Средниот прст сте самите вие.
  • Домалиот прст го претставува вашиот партнер.
  • Малиот прст ги претставува децата.

probajte-go-ova-so-vashite-prsti-shto-kazhuva-ovaa-drevna-kineska-legenda-za-ljubovta-i-odnosite-kafepauza.mk

Сега залепете ги дланките една кон друга, па потоа средните прсти повлечете ги надолу како на сликата.

Обидете се да ги раздвоите палците (родителите). Ќе се раздвојат бидејќи тие нема да живеат вечно со вас. Повторно спојте ги.

Обидете се да ги раздвоите показалците (браќата, сестрите и пријателите). Ќе се отворат бидејќи и тие исто така најчесто заминуваат, имаат свои животни патишта.

Обидете се да ги раздвоите вашите мали прсти (вашите деца). Ќе успеете во тоа бидејќи и децата растат и заминуваат по својот животен пат. Повторно залепете ги.

Конечно, обидете се да ги раздвоите домалите прсти (партнерот). Ќе се изненадите бидејќи тоа е невозможно да го направите. Парот е судбински врзан до последниот ден од својот живот (во идеален случај) и затоа венчалниот прстен се носи баш на овој прст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар