Приватен детектив открива: Кои се најлудите места каде што се кријат љубовниците?
Во минатото, повеќето луѓе ги изневерувале своите брачни другари во хотелските соби и автомобилите, но тоа се променило со текот на времето. Сѐ уште има љубовници кои и понатаму ги користат овие места, но во последните пет години сѐ повеќе избираат поризични локации. Лук Атенс е приватен детектив од Сиднеј, кој со години се занимава со откривање љубовници. Тој ги споделува најлудите места, за кои нема да можете да си поверувате дека тие ги користат.
1. Комбе за доставување леб
„Имаше комбе за доставување леб паркиран на страна на улицата. Задната врата беше отворена и видов пар кој излезе од својот автомобил и исчезна во комбето. Од она што ние можевме да го видиме, тој имаше спуштени панталони, додека жената и понатаму го имаше здолништето на себе. Најсмешниот дел беше тоа што нејзиното здолниште беше полно со трошки и кога излегоа од комбето“, вели детективот.
2. Во грмушки
„Веќе почнував да мислам дека мојата клиентка го замислува неверството на нејзиниот маж. Истражував со месеци, но тој човек едноставно беше премногу зафатен за да изневерува. И на крајот, со нашиот последен обид, го откривме! Го следев на утринското трчање. Се сретна со жена неколку блокови подалеку и тие продолжија да трчаат заедно. По одредено време, кога дојдоа до делот кој беше густо покриен со дрва и грмушки, останаа таму 15-20 минути. Потоа излегоа заедно, продолжија да трчаат накај дома и по одредено време се разделија секој во својата насока. По поставувањето неколку скриени камери во грмушките, се потврдеа сомнежите на клиентката. Тој ја изневеруваше“, заклучува детективот.
3. На паркинг во трговски центар во средина на денот
„Паркингот беше полн, а стануваше збор за афера помеѓу мажот и сестрата на жената. Ги фативме во денот кога беше многу жешко, околу 30 степени. Ја снимив целата работа и видов како човекот ја брише потта од челото. Тој имаше некаде околу 50 години. Најверојатно барале нешто поразлично“, вели приватниот детектив.
4. Јавен тоалет
„Ова е често место за изневерување. Скриени се, сигурни, а притоа имаат и доза спонтаност. Но, ако планирате некого да фатите на дело во јавен тоалет, морате да го правите тоа многу внимателно, затоа што ако еднаш сфати дека го следите, тешко дека ќе го фатите повторно“, објаснува Лук.