Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита

Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита

Виножитото е спектакуларен природен феномен, а едно од местата во светот каде што има многу голема веројатност да го видите е Хаваи. Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото.

Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита

Научниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите.

За формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа што нуди прекрасен поглед на планините каде што вообичаено врне и се појавуваат виножита.

Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита

Најмногу виножита може да се видат непосредно пред зајдисонцето, но ги има и наутро. Во текот на ноќта, топлата морска површина ја загрева атмосферата, што доведува до разлика во температурата и предизвикува дожд, поради што често на Хаваите се појавуваат виножита точно за време на појадокот.

Природен феномен: Најдоброто место во светот за набљудување виножита

Погледнете ја највисоката камена кула на светот – место на кое никој не смее да се искачи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар