Применете ја оваа едноставна навика за брзо слабеење и имајте долготрајни резултати
Се чини дека оброците распределени во временски ограничена рамка се делотворни затоа што се ускладени во цикличен ритам, односно се во согласност со биолошкиот часовник на секој поединец.
Едно неодамнешно истражување на Salk – институтот за билошки истражувања од Калифорнија – покажало дека временското планирање на оброците е алатка која многу ветува во однос на контролата на телесната тежина. Истражувањата за исхраната се занимаваат не е само со тоа што јадеме, туку и како јадеме – нашето однесување и навиките поврзани со исхраната. На тој начин се открива најреалниот пристап за контрола на тежината.
Последното пилот истражување кое траело 12 недели покажало дека учесниците кои јаделе оброци во 10-часовна временска рамка, постигнале успеси во регулацијата на телесната тежина. Покрај тоа, овие учесници ги намалиле маснотиите околу струкот, крвниот притисок и нивото на холестерол, а нивото на шеќер во крвта им се стабилизирало.
Во истражувањето во кое учествувале 19 лица со метаболичен синдром немало ограничување на оброците или на бројот на калориите. Пред да учествуваат во истражувањето, учесниците имале оброци во рамки од 14 часа или подолго, во текот на едно деноноќие.
Метаболичниот синдром се дијагностицира кога некој има најмалку три од следниве фактори: вишок телесни масти околу струкот, висок холестерол или триглицериди, висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта или отпорност на инсулин.
За време на студијата, на учесниците им била намалена временската рамка во која смееле да имаат оброци. Тие не ги прескокнувале оброците и обично појадувале подоцна за да може подоцна и да вечераат, но се задржале во рамките од 10 часа. Оваа диета навистина е како пост и во последно време е многу популарна.
Другите студии што се потпираат на цикличниот ритам, покажале дека кога јадеме, може да биде исто толку важно како и колку јадеме.
Постои идеална состојба, но…
Идеалната состојба кога станува збор за тежината е онаа во која го спречуваме зголемувањето на телесната тежина, односно наместо да акумулираме вишок телесна тежина ние се обидуваме да ја намалиме.
Сепак, постојат бројни причини зошто ова сценарио не е реално во животот на многу луѓе, а поради тоа ни се потребни и нови решенија.
Промената на вашата исхрана и вежбањето може да ве направат поздрава личност, но губењето на тежината не е лесен процес. Многу решенија се краткотрајни, но се чини дека промените во однесувањето, како што е исхраната во одредена временска рамка, може да биде корисно и да помогне во развивањето на нови навики. Се разбира, некои дополнителни истражувања ќе треба да ја потврдат нејзината ефикасност.
Најдете одговор и на прашањетo колку навистина е важна здравата исхрана?