Приказни што ќе ви докажат дека постарите луѓе се полни со љубов и добра смисла за хумор

Приказни што ќе ви докажат дека постарите луѓе се полни со љубов и добра смисла за хумор

Животот е премногу краток за да го сфаќаме сериозно. За жал, луѓето доаѓаат до ова сознание во подоцнежните години од животот откако веќе поминале долг период во нервирање и стресови. Токму затоа, не е ни чудо што честопати велат дека постарите луѓе се однесуваат како деца, но можеме ли да им замериме? Прочитајте ги следниве приказни за оптимистични баби и дедовци со неверојатна смисла за хумор кои сигурно ќе ве развеселат…

Приказни што ќе ви докажат дека постарите луѓе се полни со љубов и добра смисла за хумор

Сѐ во свое време

„Пред некое време, не поминав добро на интервју за работа и си бев многу лут. Еден постар човек ми се приближи, ме прегрна и ми кажа: ’Синко, имаш образование, работно искуство, стабилен живот и се вознемируваш? Јас растев по војната и немав ништо од тоа, но најдов цел и работа. И ти ќе најдеш. Само дај си малку време. Ништо не се случува веднаш.’ Сѐ уште се прашувам од каде им е мудроста и смиреноста на овие луѓе.“

Љубовта не знае за години

„Видов како стар маж ѝ се прикрадува на бабичка со букет цвеќиња. Ѝ ги покри очите со една рака и ѝ кажа ’Погоди кој е?’. Таа слатко му одговори со ’Мојата сивокоса љубов’ и тој ѝ го даде букетот.“

Љубовен состанок

„Денес во автобус сретнав еден стар човек на околу 70-годишна возраст. Одеше на љубовен состанок со чоколадо и цвеќиња. Тој праша: ’Ќе стигнам ли до оваа постојка?’. Возачот му одговори потврдно, а тој на тоа му кажа: ’Добро е. Мојата љубов ме чека таму.’ Изгледаше многу среќен.“

Приказни што ќе ви докажат дека постарите луѓе се полни со љубов и добра смисла за хумор

Остварување на соништата

„Имам вонредна колешка на 60-годишна возраст која сака да заврши втор факултет затоа што нејзиниот 5-годишен внук одлучил дека ќе живее во Италија кога ќе порасне. Па така, таа учи италијански за да може да го научи внук ѝ! Зар не е тоа вистинска љубов?!“

Моќта на прегратката

„Денес видов повозрасен брачен пар во автобус. Старицата му викаше на сопругот од некоја причина, но тој без да се збуни ја прегрна и ѝ шепна: ’Ми вети дека нема да се караме’. Тивко седеа до нивната постојка. Никогаш не сум видел нешто попрекрасно!.“

Слатко изненадување

„Пред две години дедо ми, кој сега е починат, ми ја покажа неговата омилена книга. Денес одлучив да ја прочитам. Во книгата најдов мало залепено плико со 20 долари во него и порака на која пишуваше: ’Кога ќе ти биде здодевно, купи си неколку чоколади’.“

Вистинска љубов

„Бев на фризер. Фризерот му ја шишаше косата на еден дедо, а жена му седеше до него на клупа. Парот гласно си разменуваше саркастични коментари. Во еден момент, бабата одеднаш се навреди и почна да плаче. Дедото ѝ се приближи, ја прегрна, ја бакна во образот и ѝ кажа дека таа е најубавиот и најскапоцениот дијамант во неговиот живот. Ова е вистинска љубов!“

Приказни што ќе ви докажат дека постарите луѓе се полни со љубов и добра смисла за хумор

Забава без граници

„Бев кај баба ми и дедо ми. Седев на маса, дедо ми седеше пред мене, а баба ми стоеше до шпоретот и правеше палачинки. Тогаш, дедо кажа: ’Ајде да ѝ покажеме на внука ни што можеме да направиме!’. Одеднаш баба ми фрли палачинка преку рамото, а дедо ми ја фати со чинијата! Тие имаат 70 години и сѐ уште знаат како да се забавуваат.“

Одлична смисла за хумор

„Еднаш се шетав во паркот и видов интересна ситуација. Стар човек ја качил неговата сопруга на рамена за да може да дофати еден прекрасен јоргован. Кога тој се креваше, одеднаш прдна. Неговата сопруга му кажа низ смеа ’Можам да го дофатам. Не мора да се кренеме во воздух’. Тоа беше многу слатко и не можев да престанам да се смеам половина час.“

Заборав

„Бев да ги посетам баба ми и дедо ми. Баба ми ме зема во кујната и веднаш ми даде да јадам. Јас ја прашав: ’Бабо, каде е дедо?’.’Отиде во заборав… Се раствори во ехото на брзата вода… Не е тука…’, тивко ми одговори и погледна во подот. Јас се збунив и почнав да треперам, кога одеднаш го слушнав гласот на дедо ми кој доаѓаше од тоалетот: ’Престани да ни го лажеш девојчето! Ќе отидам во заборав само после тебе!’.“

Прочитајте ги и следниве вистински приказни за добрината, љубовта и семејните вредности кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар