Приказни од нашите баби кои се покажаа како чиста вистина

Приказни од нашите баби кои се покажаа како чиста вистина

Секој од нас бил сведок, и тоа повеќепати, кога мајка ни, баба ни или дедо ни ќе започнеле со некое тврдење од дамнешни времиња, а ние на тоа сме превртувале со очите и сме мавтале со рацете велејќи „доста со тие бабини приказни!“ Е па, многу од нив се имаат покажано како чиста вистина. Да, разните народни верувања науката ги потврдила како вистинити. Па, нашите баби и дедовци не биле ниту глупави ниту наивни. Погледнете што сè е вистинито.

1-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_

1. Пилешката супа ја лечи настинката

Денес, кога фармацевтската индустрија има да понуди тони лекови, сирупи и медикаменти, ретко кој би поверувал дека супата лечи. Но, се покажа дека пилешката супа е поделотворна и поефикасна од повеќето лекови и препарати против настинката и грипот. Поточно, научниците утврдиле дека пилешката супа ја забавува активноста на белите крвни зрнца кои доведуваат до воспаление. Покрај тоа, како и секоја останата течност таа ја спречува дехидрацијата.

2-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_

2. Едно јаболко на ден го чува здравјето

Сигурно нема да поверувате кога ќе прочитате дека истражувањата на британските научници ова тврдење го поткрепиле со докази. Кога сите жители на Велика Британија кои патат од кардиоваскуларни болести би јаделе по едно јаболко дневно, дури 8.500 срцеви и мозочни удари годишно би биле спречени или макар одложени.

3-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_

3. Икањето за време на бременоста е знак дека бебето ќе се роди со коса

Неверојатно, но сепак вистинито. Поради поголемото лачење на хормони кои предизвикуваат раст на косата кај плодот, настанува и икањето.

4-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_

4. За полесно да заспиете, бројте овци

Иако делува неверојатно, оваа ментална вежба во поголемиот дел од случаите навистина делува. Научниците на Оксфорд решиле да го тестираат ова тврдење, а испитаниците кои се обидувале да заспијат фантазирајќи за плажи и водопади вложиле многу повеќе енергија отколку оние кои замислувале полјана преполна со овци кои ги броеле.

5-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_

5. Чоколадата ги ублажува менструалните грчеви

Дали знаевте и дека чоколадата содржи антиоксиданси кои ги подигаат нивото на серотонин во организмот, што понатаму доведува до опуштање на мускулите и подобро расположение?

6-prikazni-od-nashite-babi-koi-se-pokazhaa-kako-chista-vistina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар