Приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот
Веб-сајтот „Gives Me Hope“ е место на кое можете да најдете кратки и вистинити инспиративни приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот. Овие прекрасни приказни со среќен крај несомнено ќе го освојат вашето срце и ќе ве натераат добро да размислите за она што навистина вреди во животот.
На едно момче му бил дијагностициран рак и имало итна потреба од операција, но неговото семејство не можело да си ја дозволи. Неговата помала сестра, Тес, ја земала касичката со ситни пари кои ги заштедила и отишла во аптека за да купи „чудо“. Она што е неверојатно е дека токму во тој момент вистинскиот човек бил сведок на нејзините солзи: неврохирург. Тој решил да го оперира нејзиниот брат бесплатно.
Еден ден кога се врати од училиште, мојата помала сестра инсистираше да ја одведам до библиотеката за да најде книги за знаковен јазик. Кога ја прашав зошто ѝ се потребни, таа одговори дека сака да му стане другарка на новото дете во нејзиното училиште кое е глуво. Денес, стоев покрај неа на нејзината свадба и ја гледав како го прави знакот за „ДА“.
Едно момче му пријде на едно ново девојче во градинка. Тие станаа најдобри пријатели. Еден ден тој ѝ призна дека ја сака, но таа само се насмевна. Тој ѝ одговори „можам да чекам“. Секоја година на истиот ден ѝ кажуваше „те сакам“. Еден ден, таа конечно му врати „и јас те сакам тебе“. Денес сме во брак.
Денес ми пристапи еден бездомник кој ме праша да не имам нешто ситно. Имав само неколку центи, но сепак му ги дадов. Го набљудував додека се оддалечуваше од мене и забележав како ги става парите во апарат за паркинг покрај автомобилот на туѓинец чие време за паркирање истекло. Не ми се веруваше дека човек кој не може да си дозволи ни храна за себе би му помогнал на непознат човек.
Пред 3 дена почина мојата најдобра пријателка. Пред 2 дена дознав дека била донатор на органи. Пред 1 ден дознав дека 9-годишно момче го добило нејзиното срце. Денес отидов да се запознаам со 9-годишното момче. Тој ми рече дека затоа што го има срцето на мојата најдобра пријателка, сега ќе ми стане мојот нов најдобар пријател.
Едно утро кога се разбудив од прозорецот ги слушнав птиците како пеат и мајка ми како го подготвува појадокот. Никогаш порано не сум плачел толку многу. Бев глув од 8-годишна возраст.
Еден ден, една 17-годишна девојка падна во кома. Едно момче кое отсекогаш ѝ се допаѓаше, но кое мислеше дека никогаш не ја забележало, ја посетуваше секој ден, велејќи ѝ дека ја сака. Тоа се случуваше цела недела сè додека таа конечно не се разбуди со зборовите „те сакам“ кои ѝ одѕвонуваа во ушите. Денес, веќе 5 години сме во брак.
Денес, нашата професорка по историја ни кажуваше за еден човек кој бил познат по првезувањето на Евреите на сигурно за време на холокаустот. Во тој момент еден ученик рече: „Тоа е дедо ми“. Нашата професорка почна да плаче, велејќи „тој ми ја спаси целата фамилија“. Прекрасна коинциденција.
Денес ѝ оставив писмо на мојата најдобра пријателка објаснувајќи во него дека ќе се самоубијам и дека многу ќе ми недостасува. Кога си дојдов дома од училиште, ги најдов сите мои пријатели во дневната соба со дивидија, колачи и балони со писмо закачено на нив на кое пишуваше 437 причини зошто не би требало да умрам. Сè уште не можам да престанам да плачам.
Еден мој пријател ненадејно истрча на паркингот и за малку ќе го удреше автомобил. Два пати. Тој се обидуваше да фати еден балон, но на никој од нас не ни беше јасно зошто… Сè додека не видовме како го носи балонот на едно мало расплакано 2-годишно девојче, кое никогаш претходно го немал видено.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.