Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Секој кој барем еднаш во животот помогнал некому знае дека добрината не е дело чија цел е да биде вреднувано од останатите, туку е нешто кое го правиме пред сѐ за самите себе. Факт е дека колку што посилно сјае сонцето во вашето срце, толку потопол е светот надвор од вас. Во продолжение прочитајте ги следниве неколку инспиративни приказни за луѓе чии срца се доволно топли за да го стоплат целиот свет…

Полицаец кој ги засолнува спасените животни

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Млад полицаец од Јужна Каролина неодамна објавил слика од неговиот нов партнер, малото маченце кое било спасено благодарение на повикот од еден локален граѓанин. Полицаецот, кој одлучил да му даде дом на ова слатко црвено суштество, има еден вид засолниште за миленичиња во неговата куќа каде што веќе живеат мачка со нејзините мачиња и неколку кучиња. Велат дека новодојденото маче било срдечно прифатено.

Бездомник ѝ помогнал на една девојка и останал вчудовиден од нејзината благодарност

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Никол го пропуштила последниот воз од Лондон и кога станицата затворила таа била принудена да ја помине ноќта на улица. Но, еден бездомник, Марк, ја испратил прво во едно кафуле кое работело 24/7, а потоа ја однел назад на станицата следното утро. За да ја изрази нејзината благодарност, Никол започнала кампања за собирање средства со цел да му помогне на Марк и на луѓето како него и успеала да собере повеќе од 13.000 фунти за само неколку дена.

Милијардер го дал целото свое богатство на научници

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Олав Тон, 92-годишен Норвежанец, одлучил да го донира целото свое богатство (околу 6 милијарди долари) за да помогне во финансиите на едно медицинско истражување. Немал деца, така што нема да има наследници кои би биле лишени од неговото наследство. „Не можам да го земам со мене“, се смее Олав. „Доволен ми е мојот велосипед и скии, а и не јадам многу“.

Овој полицаец приредил големо изненадување

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Полицаец за малку ќе му пишел казна на еден човек затоа што немал детско седиште во автомобилот. Тој го прашал зошто нема такво седиште во автомобилот. Откако дознал дека човекот едвај заработувал за живот, полицаецот отишол до најблискиот трговски центар и самиот го купил детското седиште.

Улични мачки биле нахранети и засолнати во Полска

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Во Полска има многу улични мачки и локалната влада смислила план како да им помогне. Биле изградени специјални заштитени куќички и секој кој сакал да стави таква куќичка до неговата, добивал храна за мачки доволна за преку целата зима. Архитектите исто така ја земале предвид и психологијата на мачките: Сите соби во куќите биле одвоени и имале сопствен влез, така што животните не морале да ги толерираат несаканите соседи.

Млади момци ги косат дворовите на луѓето кои не можат да го направат тоа самите

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Двајца момци од Алабама решиле да ѝ помогнат на една 93-годишна жена да го искоси дворот и со текот на времето тоа прераснало во целосна добротворна фондација. Денес, цел тим волонтери им помагаат на постарите граѓани, луѓето со посебни потреби и самохраните мајки да ги одржуваат нивните дворови, додека хумани луѓе од целиот свет им испраќаат пари на градинарите за да ги купат потребните алати и материјали.

Вработените во едно училиште секоја година прават пат за да може да помине патката со нејзините малечки низ училиштето

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Веќе 13 години, патката по име Ванеса си прави гнездо и несе јајца во дворот на едно основно училиште во мало градче во Мичиген. Кога ќе дојде време да ги пренесе малечките патчиња до барата, наставниците и учениците прават место за да може Ванеса и нејзините бебиња да поминат низ училишната сала и не ги вознемируваат птиците додека се движат кон нивното гнездо.

Вработените во овој ресторан се секогаш спремни да ве нахранат без да платите

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Еден човек со индиско потекло кој живее во Канада, им дава храна на оние коишто се сиромашни без да им наплати. „Ако сте гладни, но немате пари за да ја платите храната, само заѕвонете или дојдете по чинија бесплатна храна или кафе во секое време“ – Ова го пишува на самиот знак на вратата. Сопственикот објаснува дека и самиот тој поминал низ тешки периоди, но бил премногу срамежлив за да побара помош.

Учениците ја изненадиле нивната наставничка која ја изгубила мачката со нови миленичиња


Оваа жена жалела по нејзината мачка Феликс која ѝ била најблиското суштество во нејзиниот живот. Учениците кои го знаеле тоа, скришум нашле неколку спасени мачиња и ја изненадиле нивната наставничка. Само погледнете ја реакцијата на оваа жена на која ѝ била подарена торта, цвеќиња… И две мали крзнени пријателчиња!

Жена посвоила 6 девојчиња за да не ги разделува

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Млада, но осамена жена сакала да биде мајка и решила да посвои дете. Меѓутоа, се случило да не посвои едно, туку четири деца одеднаш. Подоцна, посвоила уште две ќерки од истата мајка! „Мојот живот би бил празен без нив“, вели мајката на шест деца.

Во Канада, миленичињата се згрижувани за време на пожар

Приказни кои ќе ви го стопат срцето и ќе ви ја вратат вербата во човештвото

Како последица од ужасните шумски пожари во Канада, и луѓето и животните остануваат без домови. За време на евакуацијата, локалните воздушни линии привремено ја укинуваат забраната да се внесуваат животни на авионите. Во меѓувреме, еден Канаѓанин се грижи за кучињата, мачките, зајаците и другите крзнени пријателчиња кое биле оставени во пожарот. Тој ги храни и што е најважно им прави друштво. „Ним им е потребно внимание“, забележува волонтерот. Тој ги информира сопствениците на овие миленичиња, кои по некоја случајност не биле дома од различни причини, за состојбата на нивните пријателчиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар