Приказната зад познатиот знак „HOLLYWOOD“
Овој знак е култна икона која ја дефинира целата филмска индустрија. Се наоѓа на планината Санта Моника во Лос Анџелес, а секоја буква е со висина од 13,7 метри. Поставен е во 1923 година, но она што малкумина го знаат е причината за неговото поставување.
Кога првпат го наместиле знакот, тој содржел уште 4 букви и пишувало „HOLLYWOODLAND“. Поставен бил за промоција на новите куќи на самите ридови, од каде што станарите ќе можеле да уживаат во прекрасен поглед. Планот бил, откако ќе се продадат сите куќи, по неколку месеци да биде тргнат и знакот.
Но, поради неговата преголема видливост во голем број филмови (оттаму и самата поврзаност со познатите и филмската индустрија), по 26 години од неговото поставување, Стопанската комора и Департманот за паркови на Лос Анџелес, одлучиле да се тргне зборот „LAND“, а да остане „HOLLYWOOD“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.