Приказната на Џош и Грејс која ќе допре до сечие срце
Од време навреме, се случува да наидеме на едноставна приказна која ќе ни донесе насмевка на лицето и солзи во очите. Приказна која ќе нè натера да сфатиме колку е важно да имаме надеж за иднината, како и разбирање и поддршка од најблиските.
Пораката која Џош и Грејс сакаат да ја споделат со сите нас е токму таква – полна со љубов, разбирање, отвореност и почит. Погледнете ги овие фотографии и ќе сфатите за што станува збор…

Моето име е Џош и имам 18 години!

Ова е мојата најдобра другарка и постара сестра Грејс.

Некои велат дека имам хендикеп...

Грејс вели дека имам способност на која може да ù се завидува...

Способност да сакам безусловно, да не осудувам.

И НЕ се плашам да бидам ЈАС

Имам Даунов Синдром

Имам дополнителен хромозом.

Грејс вели „Вистинските пријатели не ги бројат хромозомите“

Луѓето некогаш употребуваат многу лоши зборови, но МНОГУ луѓе ме сакаат.

Ова значи дека зборовите БОЛАТ, но тие воопшто не ме опишуваат мене.

ЈАС СУМ... БУДАЛЕСТ

СМЕШЕН

ПОЛН СО ЉУБОВ

ЖЕЛЕН ДА ПОМАГАМ

ПАМЕТЕН

И имам чувства исто како вас и вашите пријатели

Ќе ви дадам шанса, ако и вие ми дадете мене.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Браво!!!
браво, кафепауза, што ни го пренесовте ова! Преубаво, човечно и сочувствително!