Приказна за животот на свеќите
„Lightheaded“ (буквално: лекомислени, во случајов: со запалена глава) е приказна за неколку симпатични восочни суштества, чувствителни на температура, кои се жртвуваат за да станат она што знаат дека е нивната судбина. Метафорично, ова е и приказна за животот, со длабоко значење и силна порака.
Анимацијата е креација на Мајк Деко кој ги искористил новите можности во 3Д технологијата за да го реализира концептот во кој верувал одамна. Ова е неговиот прв независен филм.
Тажна, но длабока приказна, слична на онаа за пријателството помеѓу денот и ноќта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.