Приказна за еден војник која ќе ве натера да се замислите за вашето однесување

Приказна за еден војник која ќе ве натера да се замислите за вашето однесување

Еден војник по долго војување конечно можел да се врати дома. Токму затоа им се јавил на своите родители и им рекол…

Приказна за еден војник која ќе ве натера да се замислите за вашето однесување

„Мамо и тато, си доаѓам дома. Но, сакам да ве замолам за една услуга. Имам пријател кој би сакал да го донесам со мене дома.“

„Секако“, одговориле тие. „Ние би сакале да го запознаеме.“

„Треба нешто да знаете“, продолжил тој да зборува. „Тој беше многу повреден за време на војната. Згазнал на мина и ги изгубил раката и ногата. Но, нема каде да оди па затоа сакам да дојде и да живее со нас.“

„Жал ми е што го слушам тоа сине. Можеби би можеле да му најдеме нов дом.“

„Не, мамо и тато, сакам да живее со нас.“

„Сине“, рекол таткото. „Ти не си свесен што бараш од нас. Некој со таков хендикеп би бил голем товар за нас. Ние имаме наши животи и не можеме да дозволиме нешто вакво да ни попречи во живеењето. Мислам дека треба да си дојдеш дома и да заборавиш на него. Тој ќе најде начин како да живее сам.“

Во тој момент синот го прекинал повикот и неговите родители не го слушале повторно. Но, неколку денови подоцна добиле повик до полицијата која им кажала дека нивниот син паднал од зграда и починал. Полицијата верувала дека станува збор за самоубиство.

Потресените родители отишле во мртовечницата со цел да го идентификуваат телото на нивниот син. Тие го препознале, но на нивно изненадување исто така откриле и нешто што не знаеле досега. Нивниот син имал само една рака и една нога.

Целта на оваа приказна е да ни покаже дека сите ние многу наликуваме на овие родители. Можеме многу лесно да ги сакаме оние кои изгледаат добро и чие присуство е забавно, но не сакаме луѓе кои прават да се чувствуваме неудобно. Токму затоа попрво би се оттргнале од оние кои не се толку здрави, убави или паметни како нас. За среќа, постојат луѓе кои не го прават тоа. Постојат луѓе кои безусловно ги сакаат сите, без разлика на хаосот во кој се наоѓаат. Овие луѓе треба да бидат пример за однесување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар