Приказна за борбата за живот на едно маченце која ќе ви го растопи срцето
Фотографката Алекс Гриншпун во еден топол јулски ден случајно наишла на две мачиња оставени во картонска кутија кои безмилосно се печеле на жешкото сонце додека се обидувале да се изборат за својот живот. Тие изгледале како никогаш воопшто да не го вкусиле мајчиното млеко, пред да бидат фрлени и оставени на улица. Таа тогаш ја направила оваа фотографија на која може да се види како го храни едното маче преку шприц. Фотографијата веднаш допре до многу срца, заедно со трогателната приказна поврзана со целата случка.
За жал, сестрата на Малото чудо (Little Miracle) како што го нарекле мачето на сликата, починала веднаш уште наредниот ден. Малото чудо се борело за живот додека Алекс секојдневно се грижела за него, давајќи му млеко на секои 2 часа, чистејќи го и обвивајќи го со ќебенца и топли шишиња, бидејќи тоа самото не можело да ја контролира температурата на оваа возраст.
Ова мало слатко суштество се борело за живот цел месец. Алекс верувала дека Малото чудо е спасено и дека ќе успее да живее здрав живот. Дури и нивното домашно куче го чувало Малото чудо, за да помогне во процесот. Сепак, тоа изгледа имало некоја внатрешна инфекција, бидејќи неговиот имун систем не можел да се оформи како резултат од недостатокот на мајчино млеко. Кога после еден месец починало, тоа било шок за Алекс. Сепак, таа за ова искуство вели:
„Знам дека и покрај тоа што нејзиниот живот беше краток, за неговото времетраење таа беше опколена со топлина, љубов и грижа. Таа секогаш ќе остане во нашите срца.“ Воедно порачува: „Ве молам чувајте ја вашата мачка, не дозволувајте невини души како ова Мало чудо да поминуваат низ толку многу патење.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Спасибо! Я рада что фото затронули ваши сердца! <3
Thank you for the lovely story, and sorry for the gender mistake.