Приказна од еден градски автобус која го насмеа Интернетот: Средба на баба и урбана девојка
Приказите кои ги читаме и гледаме на социјалните мрежи варираат од најемотивни до најсмешни, а последната смешна приказна која неодамна го насмеа Интернетот е онаа за една баба и урбана девојка и нивната интересна средба во еден градски автобус. Во продолжение прочитајте што се случило кога се споиле двете различни генерации.
Во градскиот превоз секојдневно се среќаваат најразлични луѓе, почнувајќи од возраста, преку полот, па сѐ до изгледот и социјалниот статус. Така, во градскиот автобус се качила една урбана девојка која имала тетоважи преку целото тело, а некои од нив биле реченици напишани на кинески јазик.
Во нејзина близина седела и една баба која зачудено ја гледала во вратот.
„Што е бабо, во твое време немаше тетоважи? Зошто ме гледаш така?“ – ја прашала девојката.
„Девојко, во мое време имаше сѐ, а и 30 години поминав во Азија. Потоа предавав кинески јазик на факултет. Но, едноставно не можам да разберам зошто на вратот ти пишува: ‘Кога еднаш ќе го одмрзнете, не замрзнувајте го повторно’! – ѝ одговорила бабата.