Претходно
Приказна од 10 секунди: Што гледа љубовникот во ликот на Месечината?
Целта на погледот е покрај обликот, да ја гледаме и суштината…
„Не барај го Бог” – рече учителот. „Само набљудувај и ќе ти се прикаже.”
„Но како изгледа тој?”
„Обиди се она што го гледаш да биде единственото нешто што ќе го видиш.”
Ученикот бил збунет, па учителот му ги поедноставил работите. „На пример, кога ќе погледнеш во Месечината треба да ја видиш само Месечината и ништо друго.”
„А што друго би можел да видам во Месечината освен самата таа?”
„Гладниот би видел сирење. Љубовникот ќе го види ликот на својот љубен.”
Прочитајте ја и оваа поучна приказна: Момчето и светилката.