Приказна која ќе ве расплаче – болно дете и куче со три нозе се најдобри другари
Запознајте ги Овен и Хачи. Нивното пријателство е нешто толку волшебно што нема да ве остави рамнодушни.
Анадолскиот овчар по име Хачи, во јануари, 2012 бил врзан за железничка пруга како последица на нечија нечовечност. Кучето за среќа преживеало, но поради претрпените повреди му била ампутирана едната нога. Спасено од здружението за заштита на животни, RSPCA, Хачи продолжува да живее како најдобар пријател на болно детенце.
Шварц-Џампел е редок синдром кој предизвикува застој во физичкиот развој и постојана напнатост во мускулите. Страдајќи од тој синдром, малечкиот Овен имал потешкотии во создавање пријателства и чувствувал голема анксиозност во какви било социјални случувања, токму поради тоа што знаел дека е различен од другите.
Неговиот живот се променил откако го запознал Хачи.
Погледнете го видеото со кратката приказна за Овен и Хачи. На моменти ќе ве насмее, па ќе ве расплаче, но најважно од сè, ќе ве потсети дека откако ќе се тргнат сите плиткости на светот, останува само најважното – љубовта.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Дали тоа некој сече кромид во собава?