Неверојатните психолошки придобивки од седењето покрај камин

Неверојатните психолошки придобивки од седењето покрај камин

Камините, покрај тоа што се одличен извор на топлина, исто така се и одличен декор во секој дом. Но, освен овие користи, едно истражување спроведено од Универзитетот во Алабама открило дека тие нудат и големи психолошки придобивки за умот. Сите знаете дека седењето покрај огниште е релаксирачко, но сега можете да дознаете и зошто е тоа така. Истражувањата покажале дека гледањето во оган има значителен ефект врз крвниот притисок на луѓето.

Придобивки за вашиот ум кои ги имате додека седете и гледате во огништето

Додека гледате оган крвниот притисок може да ви се намали за 5%

Студијата вклучувала 226 возрасни од кои било побарано да гледаат видео од бурен оган. Крвниот притисок им бил измерен пред гледањето на видеото и бил спореден со резултатите добиени по завршувањето на видеото. Она што се открило било многу интересно. Кај луѓето кои го гледале видеото со звук, било забележано просечно намалување на нивниот крвен притисок од 5 проценти. Ова не било изненадувачко, затоа што огнот во огништето придонесува за релаксирање. Но, кога биле направени неколку измени, чувството на релаксирање кај учесниците било променето. Кај поединци биле регистрирани различни нивоа на зголемен притисок кога го гледале видеото без звук, а тој исто така се зголемил кога видеото кое го прикажувало огнот било свртено наопаку.

Огнот придонесува за одвлекување на вниманието од секојдневните активности

Според истражувачите, причината поради кога една личност се релаксира додека гледа „нормален“ оган, е бидејќи нејзиниот ум е вовлечен во пламенот и колку повеќе се случува ова, тој или таа повеќе се оддалечува од купот секојдневни проблеми. Во оваа мирна состојба, вознемиреноста исчезнува. Да бидете привлекувани од огнот не е ништо ново. Имено, уште од антички времиња, сигурно не многу долго откако откриле како да палат оган, луѓето уживале да седат околу него, како дел од нивната секојдневна рутина. Тие тогаш сигурно не знаеле како им влијае огнот на нивната психичка состојба, но тој сепак ги релаксирал.

Придобивки за вашиот ум кои ги имате додека седете и гледате во огништето

Студијата проведена од Универзитетот во Алабама претпоставува дека еволуцијата има голема поврзаност со нашата денешна фасцинација од огнот. Пред илјадници години, огнот имал поголемо значење отколку што има денес во модерно време, а функцијата на огнот за греење и за готвење била широко распространета. Сега знаете зошто уживате во пламенот од огнот: Тој го привлекува вашето внимание, ги празни вашите умови и ви дава чувство на мир и релаксација. Па, искористете ги овие студени зимски денови за да се опуштите покрај каминот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар