Причини да го посетите Рим наесен
Автор: Сања Стојковска
Културната страна на Рим оваа есен вклучува многу настани што вреди да се погледнат.
Доколку сте љубител на топло есенско кратко патување и доколку ги имате сите можности, препуштете се на есенскиот Рим и на можностите што овој град ги нуди.Рим или вечниот град како што го нарекуваат сите, е град што ги комбинира тишината и интимноста на селата со културолошките црти на европските метрополи. Во Рим, урнатините од класичниот период и ранохристијанските места за богослужби се лоцирани веднаш до ренесансните палати и барокните фонтани. Средно медитеранската клима во Рим, пак, е вистински магнет за туристите од студениот север.
Рим во есен го одликува хаотичен, брз, работен ритам. Секој посетител што сака да најде потивко место ќе мора да почека до крајот на ноември или до заминувањето на божиќните и новогодишните празници.
Ви приложуваме неколку настани за посета на Рим оваа есен:
- Ноќта на музеите: Овој настан се одржува во средината на октомври и опфаќа околу 90 римски музеи и културни установи кои ги отвораат своите врати за посетителите бесплатно од 20 до 02 часот.
- Римско лето: Овој период всушност, трае малку после вообичаените летни месеци. Сè до октомври, ширум градот се одржуваат концерти на отворено, танцувачки и театарски претстави, кино проекции и други настани на отворено што ги анимираат римјаните во текот на жешките месеци. Еден од поглавните настани е Островот на киното – филмски фестивал на островот Тибер.
- Изложба за Октавијан Август: По повод одбележување на 2000 години од смртта на римскиот император Октавијан Август се одржува изложба со почеток на 18-ти октомври, а ќе биде поставена до 9-ти февруари 2014-та година.
- Фестивал Рим-Европа: Во текот на цел месец септември и октомври постои исклучителна програма на римско-европскиот фестивал што вклучува авангардни танци, музика и драмски претстави донесувајќи во градот цели ансамбли, оркестри и уметнички дела од целиот свет.
- Римски филмски фестивал во ноември: 10-тина дена во почетокот на ноември се одржува филмски фестивал во Аудиториум-паркот на музиката, којшто е домаќин на многу проекции, дебати и настани од сличен карактер вклучувајќи филмски премиери и класици со познати меѓународни филмски имиња.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.