Претворете го стариот, бел костим за капење во парче кое ќе го привлече целото внимание
Белите костими за капење многу брзо ја менуваат својата боја и за многу кратко време стануваат крем или бледо жолти. Доколку вашиот стар, бел костим за капење и понатаму е одличен за носење, но повеќе го нема стариот сјај, тогаш ви предложуваме да направите едно одлично освежување. Односно, ќе забележите дека не ви е потребно многу време за да добиете нов костим за капење во кој ќе изгледате како вистинска морска сирена.
Потребни материјали:
- Дводелен бел костим за капење
- Водоотпорен спреј за ткаенина во две бои
- Боја за ткаенина
- Четка за боење
- Бисери
- Игла и конец
- Пулејки
- Лепило за ткаенина
Напомена: Додека работите со спрејот, најдобро би било да излезете надвор, а подлогата на која ќе работите задолжително да ја прекриете со весник.
Начин на изработка:
1. Нанесете го темниот и светлиот спреј по целиот костим за капење за да добиете омбре ефект.
2. Почекајте потполно да се исуши, а потоа со помош на четката и бојата за ткаенина нацртајте го посакуваниот мотив. Тоа може да бидат бранови, ѕвезди или пак нешто друго. Исто така, по сопствена желба распоредете ги насекаде по костимот за капење.
3. Со помош на лепилото на костимот за капење залепете ги пулејките. Секако, по ваша желба.
4. Потоа, земете ја иглата и конецот и зашијте неколку бисери на краевите кои висат од долниот дел. Доколку немате таков дел, тогаш зашијте неколку бисери на секоја страна.
Ќе се уверите дека ова навистина не е тешко, а изгледа многу поубаво од обичниот, бел костим за капење.
Откако ќе добиете потемен тен, ќе изгледа уште поубаво и поинтересно.