Претворете ги новогодишните празници во забава: Новогодишна елка за вашите најмали!
Децата од која било возраст ги обожаваат новогодишните елки, бидејќи тие се светкави, сјајни, шарени и блескави, но набрзо може да станат место за искршени лампиони, па дури и повреди. За да им го оттргнете вниманието на вашите најмали од вистинската новогодишна елка, со малку труд и способност може да изработите дополнителна новогодишна елка, која ќе биде само нивна и достапна за игра, без страв од штети.
Потребни материјали:
- Големо парче картон (од картонска кутија)
- Зелена хартија (хартија за замотување која може да биде матирана или сјајна)
- Долг стап (пластичен, дрвен, метален) кој ќе послужи како стебло за елката
- Корпа или кутија
- Пластични топки, коцки и слично
- Помала количина хартија во боја во форма на кругови и коцки
- Лепило за хартија и картон
- Селотејп
Изработка:
1. Од картонот исечете два правоаголни триаголници или ако е доволно голем – еден еднокрак триаголник, така што да добиете основна форма на новогодишна елка.
2. Според големината на картонот исечете ја и залепете ја зелената хартија.
3. Пронајдете две чаши со различна големина. Помалата мора да има поголем дијаметар за да може низ неа да помине топката. Тие кругови исцртајте ги на страните од картонот. Избегнувајте да ги нацртате круговите по средината на триаголникот, бидејќи подоцна на тоа место ќе го залепите стапот. Исечете ги круговите со ножици или скалпел.
4. На другите помали хартии во боја исцртајте круг со истиот дијаметар како и на елката, а вториот круг направете го малку поголем за да можете да исечете шарени прстени.
Преминете на втората страница за останатиот дел од туторијалот…