Претскажувања од гатачки кои навистина се исполниле
Сигурно имате слушнато приказни за луѓе кои навистина можат да ви ја предвидат иднината. Можеби имате и помислено да посетите ваква личност, а може веќе и сте го направиле тоа. Без разлика дали верувате или не во овие претскажувања на иднината, следниве вистински приказни навистина ќе ве натераат да се запрашате дали можеби некои луѓе навистина ја имаат оваа способност.
„Еднаш една гатачка ѝ кажа на мајка ми дека нејзиниот брак нема да заврши со развод. Таа реши да запишува сè за да види дали нешто ќе се оствари. Запишаното го стави во една фиока која не ја отвори со години, сè до 2004-та, неколку денови по смртта на татко ми. До денес мајка ми се сеќава на погледот на гатачката која ѝ кажа дека бракот нема да заврши со развод. Мајка ми е сигурна дека гатачката знаела што ќе се случи, но не сакала да ѝ каже.“
„Мајка ми и нејзиниот претходен сопруг се венчале најмногу поради тоа што ниту еден од нив не сакал деца. Една гатачка ѝ кажала на мајка ми дека ќе има 2 деца. Мајка ми не го прифатила ова, бидејќи и таа и сопругот не го посакувале тоа. Но, неколку години подоцна таа се венчала со татко ми и сега нè имаат мене и сестра ми.“
„Минатиот декември, една гатачка ми кажа дека ќе пронајдам одлична работа на почетокот на годината. Исто така ми кажа дека ќе забременам веднаш откако ќе престанам да ги пијам апчињата за контрацепција. Па, на крајот на јануари навистина пронајдов прекрасна работа, а забременив 3 недели откако престанав со контрацепцијата.“
„Една гатачка еднаш ми ги запиша моите среќни броеви. Неколку недели подоцна јадев во еден кинески ресторан и го отворив моето колаче за среќа. На мое големо изненадување, броевите во колачето беа истите кои ми ги запиша гатачката, и тоа во ист редослед.“
„Една жена ми ја читаше судбината од тарот карти и ми рече да се држам настрана од маж со долга и темна коса. Ги заборавив нејзините зборови сè додека не бев во врска со маж кој ме злоупотребуваше и имаше долга, темна коса. Би сакала да ги запомнев зборовите на гатачката.“
„Кога бев бебе, а сестра ми имаше 4 години, една гатачка ѝ кажала на мајка ми дека јас секогаш ќе бидам постара. Поради менталната болест на сестра ми, која беше дијагностицирана дури кога беше возрасна, луѓето секогаш сметаа дека јас сум постарата, а јас ја прифаќав таа улога.“
„Кога имав 18 години, прашав една гатачка дали јас и моето момче ќе останеме заедно. Таа ми речи дека сега тој бил мој, но тоа нема да остане така засекогаш. Останавме заедно 9 години, но јас ја прекинав врската минатото лето кога дознав дека е зависник од хероин. Тој почина од предозирање 9 месеци подоцна.“
„По смртта на дедо ми, мајка ми отиде кај медиум кој ѝ кажа дека дедо ми имал уште едно дете кое не го спомнал досега. Подоцна, мајка ми разговараше со втората сопруга на дедо ми и таа го потврди тоа! Наводно, моите баба и дедо имале дете пред да се венчаат и го дале на посвојување бидејќи сексот пред брак бил нешто ужасно во тој период.“
„Бев кај гатачка кога имав 21 година. Таа ми кажа дека ќе го запознам мојот сопруг преку некој кој го познавам. Исто така ми кажа дека ќе забременам пред да се венчам, ќе се венчам на 25 години и некогаш ќе имам близнаци. Мојата најдобра пријателка ме запозна со сопругот кога имав 22 години, забременив со нашата ќерка кога имав 24, а се венчавме кога имав 25 години. Исто така, минатата есен родив близнаци.“
Продолжува на следната страница…