Пресметајте го вашиот годишен број и дознајте што ви носи 2016-та година
Според нумерологијата, нашиот животен век може да се собере во рамките на циклус од 9 години, кој започнува од моментот на нашето раѓање, а завршува заедно со нашиот живот. Секоја година, внатрешниот циклус има своја единствена смисла и насоки со кои секој од нас ќе се сретне во некој дел од својот живот. Споменатите значења, во форма на личен годишен број можат да ни помогнат да донесеме некои помали и поголеми животни одлуки, а со тоа да ни помогнат и да го направиме нашиот живот полесен, подобар и поинтересен.
Постапка за пресметување на личен годишен број и анализа на добиениот:
Чекор 1: Запишете ги четирите броја од вашиот датум на раѓање (ден и месец) и соберете ги со годината што доаѓа (2016)
Пример: Ако сте родени на 12 јуни, направете го следново: 1+2+0+6+2+0+1+6=18
Чекор 2: Ако добивте само една бројка, тогаш тоа е вашиот личен годишен број. Но, ако добивте двоцифрен број (како во примерот) собирајте сè додека не добиете едноцифрен број.
Пример: Ако го добивте бројот 18, направете го следново: 1+8=9, што значи дека вашиот личен годишен број е 9.
Во продолжение откријте точно што значи вашиот број.
Број 1
Оваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики, па затоа не треба да ги одложувате одлуките. Ќе доживеете наплив од нова и силна позитивна енергија, но и нови идеи кои мора да ги распределите низ целите 12 месеци во годината.
Број 2
Втората животна година се однесува на стабилизација на она што до сега сте го постигнале во животот. Ова година се движи бавно, па можеби ќе ви се чини како ништо важно да не се случило. Сепак, не дозволувајте недостатокот од акција да ве залажува, бидејќи зад позадината се случуваат мали, но важни промени. Токму поради тоа, трпението е најважната особина која мора да ја изградите во текот на оваа година.
Број 3
За разлика од втората која може да бидат фрустрирачко бавна, третата година е повеќе енергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите работи кои сте ги оствариле во првата година, односно сите одлуки и промени кои сте ги посветиле себеси. Со оглед на тоа дека во вашиот живот ќе се случува сешто, важно е да вложите малку повеќе труд и да поработите на планирањето, дисциплината и концентрацијата. Во оваа година би требало повеќе време да поминувате со друштво.
Број 4
Оваа година е посветена на сето она што е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму поради тоа, организацијата и планирањето се многу важен фактор поради кој вашиот живот ќе се раздвижи и ќе крене на подобро. Тоа може да вклучува грижа за вашето здравје и тело, некој облик на штедење, промена во вашиот дом, решавање на долговите од минатото, школување или некој друг облик на надградување на својот потенцијал.
Број 5
Четвртата година ја одбележуваат големи планови и тешка работа, но петтата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. Кај некои тоа ќе значи преселување, нова работа или љубовна врска, додека другите тоа ќе го доживеат низ промена на размислувањата и ставовите за животниот стил. Без разлика како е, ќе ви се отворат бројни нови можности и затоа оттргнете се од старите рутини и испробајте нешто ново и поразлично, дури и ако ви се чини како мало и незначајно.
Број 6
Оваа година ќе ја одбележи несебичноста, па важно е да ја посветите на другите и да ја истакнете одговорноста. Понудете го вашето рамо за плачење на оние на кои им е потребно и обидете се да бидете пристапни и отворени за помош. Иако понекогаш ќе ви биде напорно, сетете се дека тој период нема да трае вечно, а резултатот од вашата несебичност и пожртвуваност ќе ви се врати повеќе одошто мислите. Шестата година е во знакот на љубовта.
Број 7
Годината со број 7 е посветена исклучиво на вас. Во овој период е многу важно да направите анализа на самите себеси со цел да сфатите кои сте, што навистина сакате, што ви смета и за што копнеете. Овој период не бара работни успеси, туку е важно да застанете, да направете чекор наназад и да размислите за сè што до сега сте направиле или сакате да направите. Во овој период е посакувано да работите на своите потенцијали. Запишете се на слободна активност за која размислувате веќе некое време или пак тргнете на некој курс или усовршување.
Број 8
Оваа година е во знак на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа може да бидат нови работни прилики или пак напредок на вашето моментално работно место, додека други ќе ја почувствуваат во облик на пораст на трошоците и намален финансиски прилив. Животот кој го водевте до сега и сето она што сте го вложиле во себе во оваа година ќе ви се исплати.
Број 9
Ова е последна година од животниот циклус, па е фокусирана на крајот на сето она што до сега сте го планирале и постигнале и е припрема за нов почеток. Најважниот дел од оваа животна трансформација е да го оставите зад себе сето она што повеќе ништо не ви значи во животот, без разлика дали станува збор за работата, пријателството, врската, местото во кое живеете или вашето однесување. Било како било, оваа година е идеална за „чистење“ на животот, а сето тоа за да тргнете напред и да се насочите кон подобри работи во животот.