Пресметајте го личниот број според датата на раѓање и дознајте кој е вашиот ангел чувар
Според разни верувања, ангелите се духовни суштества, бесмртни и бестелесни. Помеѓу останатото, нивната улога е водење на луѓето низ животот. Многумина веруваат дека секој има свој личен чувар, а кој е вашиот можете да дознаете многу брзо и едноставно.
1. Соберете ги броевите од вашиот датум на раѓање. На пример, ако вашата дата на раѓање е: 28.04.1956 година, до вашиот број ќе дојдете на следниов начин: 2 + 8 + 0 + 4 + 1 + 9 + 5 + 6 = 35
2. Редуцирајте го резултатот на едноцифрен број (3 + 5 = 8), освен во случаите кога ќе добиете 11, 22, 33 или 44
Во продолжение проверете кој ангел чувар припаѓа на вашиот личен број и на кој начин тој секојдневно ви помага…
Број 1 – Рагуел
Ангел кој се бори за правда и праведност. Ќе ви даде храброст да се изборите за себе и ќе го чува вашиот интегритет.
Број 2 и 11 – Уриел
Носи светло и во најтемните моменти, кога сѐ изгледа изгубено. Ќе ви даде мудрост и јаснотија со чија помош ќе го пронајдете вистинскиот пат.
Број 3 – Јофиел
Носител на позитивна енергија со која ќе ги решите сите проблеми и ќе ги прескокнете сите препреки. Ви носи инспирација, нови идеи, креативност и радост.
Број 4 или 22 – Ханиел
Ве потсетува на тоа колку вредите, ве поттикнува да расцутите и да го искористите вашиот целосен потенцијал. Го повикуваме кога ни е потребна потпора или совет за работата или за љубовта.
Број 5 – Јеремиел
Ќе ви го покаже виножитото после невремето и ќе ве насочи кон објективноста која ви е потребна за реално да го согледате вашиот живот и да продолжите понатаму после тешкотиите.
Број 6 и 33 – Михаел
Ангел кој може да го повикаат луѓето со сите лични броеви. Тој е заштитник од сите негативности во вашиот живот.
Број 7 – Рафаел
Ќе ви помогне да го вратите балансот во вашиот живот, а особено во вашето здравје. Тој е носител на вистината.
Број 8 и 44 – Разиел
Ќе ја ослободи вашата вродена интуиција и ќе ви помогне да ги разјасните сите животни проблеми.
Број 9 – Ариел
Посветен е на помагањето на оние кои се обидуваат да ги заштитат другите луѓе. Ќе ви покаже како да бидете поттикнувач на позитивни промени во вашето општество.
Дали имате среќа во животот? Погледнете дали ја имате линијата на ангелот чувар на дланката која ја имаат само ретките среќници.