Прекрасните љубовни стихови и цитати на Ѓорѓе Балашевиќ
Неговата сопруга Оливера вели дека имала среќа да се омажи за вечно дете кој ја пренел преку прагот на вечното детство без да се посомнева дека тоа воопшто е можно. Не можела да најде поубави зборови кои ја опишуваат уметноста која ја создава Ѓорѓе Балашевиќ. Било да се работи за музика, филм, поезија или проза, неговите дела се проткајани со облик на љубов кој е истовремено и најчист и несовршен, ослободени од секаков стереотип, од секаков бесмислен товар кој може да ја спречи да го најде својот пат. За жал, овде немаме доволно простор за да го објавиме сето она убаво што тој може да го смисли, па повелете само 25 кратки дози од неговата уметност и уживајте.
„Ѝ пратив дожд. Немојте да се лутите вие кои сте близу до неа, па накиснавте. Таа навистина го сака дождот. А јас сакам кога е среќна…“
„Кукло, ти никаде не си задоцнила. И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.“
„Беше луда и единствена. Непоправлива и безобразно рамнодушна. Посебна. Стравот го криеше зад насмевката, слабоста зад гордоста. Беше некоја која не знаеше да остане на едно место. И не остана, никогаш. А ја сакав. И таа мене ме сакаше. И сите го знаеја тоа, освен ние двајца.“
„Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака, го запаметив засекогаш.“
„Велат дека сите девојки личат една на друга кога чашата се празни до дното… Па добро, можеби една на друга, ама никогаш на неа…“
„Требаше само да најдам некоја која нема да ме потсетува на неа. Погледнав околу себе и се случи чудо. Ниту една не ме потсетуваше на неа како што ме потсети срцето во тој изгубен момент на потрага. Сите глумеа принцези и светици. Веројатно секоја од нив би барала да се однесувам попристојно. Сите тие би барале да ги чувам како капка вода на дланката, да не правам шеги на нивна сметка, би барале да ги водам на некои фини места и слично. А таа? Таа го прифати секој дел од мене и никогаш не бараше да се променам, а ме промени. Единствената на која ѝ реков што навистина чувствувам. Не бараше да ја чувам како капка вода на дланката, фактот што ја сакав ѝ беше сосема доволен…“
„Од накит имаше само очи.“
„Таа понекогаш толку убаво се смее. Пет минути во нејзино друштво ми е како да сум добил на лото. Одам по улица како да сум народен херој и за момент се издигнувам над сите згради и во цел свет нема поголемо и посилно суштество од мене. И затоа оние три не ме интересираат. Не би ме интересирале ни да беа триста. Кога ја сакам таа една…“
„И нека небото не ми го земе тоа за зло, ама ти си единственото нешто на кое му се молам…“
„Таа беше орхидеја баш таму каде што тоа е реткост. Да беше некаде каде што врие од орхидеи, сигурно би била некој друг цвет.“
„Само што беше заспала и не сакав да ја будам. Само ја бакнав, посакувајќи ѝ да го сонува сето она кое дојдов да ѝ го кажам.“
„Тешко е кога живееш за денот за кој не знаеш кога ќе дојде, за денот кога пак ќе ја видиш. Тешко е, кога си сам и ти недостига гласот, лицето, допирот, насмевката, кога ти недостига битието која е твоја подобра половина. Тешко е пријатели. Ви посакувам никогаш да не го искусите тоа, затоа што тој бол пријатели, не е за луѓе…“
„Само… бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти…“
„Не ти забележувам. Невозможно е да се возврати олкава љубов.“
„Не се баравме, само се пронајдовме… А сега кога се пронајдовме, како пак да се бараме. Можеби тоа е смислата на љубовта, таа убавина на неизвесноста… Чекање на недочеканото, надевајќи се во безнадежноста, гушкајќи се без прегратки, бакнувајќи се без бакнежи, проникнувајќи си во мислите… И сфаќањето дека сме тука некаде. Толку блиску, а толку далеку…“
„Многу го сакаше, и премногу ако ме прашувате. Мислам дека ни самата не знаеше зошто и како, но го сакаше. Кокетираше со други, да се разбереме, и љубеше други, многу други… Но ја немаше таа искра во очите и таа насмевка на лицето како кога зборуваше со него.“
„Знаеше дека дел од неа засекогаш ќе остане со него. Таму каде што се разделија оној ден, останаа неговата гордост, нејзината тврдоглавост, прошуштената шанса и едно ветување. Имаа сè, а избраа ништо.“
„Сепак, несреќата не е во тоа што таа не помислува на мене, ма како, несреќата е во тоа што јас мислам на неа…“
„Гледајќи како ја гледаат, се затекнав себеси во она чувство кога си многу горд на себе заради некој кој воопшто не си ти. Тоа е мојата девојка…“
„И кога некогаш ќе решам да заминам… Нема да ми недостига ниту твојата насмевка, ниту гласот, ниту погледот. Нема ниту ти да ми недостигаш. Ќе си недостигам самиот себе онаков каков што ти ме правеше да бидам.“
„Не знам зошто од секоја која ја запознавам се трудам да ја направам совршената тебе. И не знам зошто после сè се враќам на твојата несовршеност… Веројатно тоа е љубов, мила.“
„Добро сум, ми недостигаш само понекогаш, најчесто пред спиење. Малку размислувам за сè што било, малку замислувам сè што можеше да биде, а наутро… Наутро, тоа веќе не е важно, тогаш малите нешта ми изнудуваат насмевка. Среќен сум, само што тебе те немам, имам сè друго, немам за што да се жалам, добро сум!“
„Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?!“
„Дотогаш девојките, кога мечтаев за нив, главно ги соблекував до гола кожа. Во моите мали ноќни фантазии беа построени како на систематски преглед, и ретко која успеваше да сочува на себе барем пар црни чорапи, или некое слично перверзно парталче. Таа беше првата на која ѝ облеков нешто…“
„Измисија милион начини да помине времето, а ниеден да се запре. Што се однесува до мене, веќе и не мора да работат на тоа. Ова баш и не се некои времиња за запирање.“
Доколку преферирате да ги читате оригиналите, нема да ве лишиме од тоа задоволство. Погледнете ја нашата селекција изворно, онака како што зборовите звучат директно од устата на Балашевиќ.
„Poslao sam joj kišu. Nemojte se ljutiti vi koji ste joj blizu pa ste pokisli. Ona stvarno voli kišu. A ja volim kad je sretna…“
„Nisi ti lutko nigde zakasnila. I da si se pojavila tek za deset godina, opet bi stigla u pravo vreme. Retki pronađu retke… Kad tad.“
„Bila je luda i jedinstvena. Nepopravljiva i bezobrazno ravnodušna. Posebna. Smijehom je sakrivala strah, ponosom slabost. Bila je neko ko ne zna ostati. I nije ostala, nikada. A volio sam je. I ona je mene voljela. I svi su to znali, osim nas.“
„Ona se, slučajno, udala 18. maja 1980. Da se udala za mene, verovatno bih, kao pravi muž, ponekad i zaboravio taj datum. Ovako, zapamtio sam ga zauvek.“
„I proturaju priče da sve curice liče, kada je časa pri dnu… Pa dobro, možda jedna na drugu, ali nikad na nju…“
„Trebao sam samo da nađem jednu koja me neće podsjećati na nju. Pogledao sam oko sebe i desilo se čudo. Ni jedna me nije podsjećala na nju kao što me podsjetilo srce u tom izgubljenom trenutku traženja. Sve su glumile princeze i svetice. Vjerovatno svaka od njih bi tražila da se ponašam pristojnije. Sve bi one tražile da ih držim kao kap vode na dlanu, da ne zbijam šale na njihov račun, tražile da ih izvodim na neka fina mjesta i slično. A ona? Ona je prihvatila svaki dio mene i nikada nije tražila da se mijenjam, a promijenila me. Jedina je kojoj sam uistinu rekao šta osjećam. Nije tražila da je držim kao kap vode na dlanu, činjenica da ju volim bila joj je sasvim dovoljna…“
„Ali ona se katkad tako lepo smeši. Pa mi pet minuta u njezinu društvu bude kao da sam dobio na lotu. Hodam ulicom poput narodnog heroja, u trenutku narastem iznad svih zgrada, i u celom svemiru nema većeg i jačeg stvorenja od mene.. I zato me one tri ne zanimaju. Ne bi me zanimale ni da ih je tristo. Kad hoću tu jednu…“
„Od nakita je imala samo oči.“
„I neka mi to ne uzme nebo za zlo, al’ ti se jedino čemu se molim…“
„Ona je bila orhideja baš tamo gde je to retkost. Da se zadesila negde gde sve vrvi od orhideja, sigurno bi bila neki potpuno drugi cvetić.“
„Baš je zaspala i nisam hteo da je budim. Samo sam je poljubio, poželevši da sanja sve ono što sam došao da joj kažem.“
„Teško je kada živiš za dan koji ne znaš kada će doći, za dan kada ćeš je ponovo videti. Teško je, kada si sam i nedostaje ti glas, lice, dodir, osmeh, kada ti nedostaje biće koje je tvoja bolja polovina. Teško je prijatelji. Želim vam da nikad to ne iskusite, jer taj bol prijatelji, nije za ljude…“
„Samo… Jadno li je prijateljstvo kad ostane kao sitan kusur krupne novčanice ljubavi…“
„Ne zameram ti. Ovoliku ljubav nemoguće je uzvratiti.“
„Nismo se tražili, samo smo se našli… A sada tako nađeni kao da se opet tražimo. Možda je to smisao ljubavi, ta lepota neizvesnosti… Čekanje na nedočekano, nadati se u beznađu, grliti se bez zagrljaja, ljubiti se bez poljubaca, prožimati se u mislima… I spoznaja da smo tu negde. Tako blizu a tako daleko…“
„A volela ga je puno, i previše ako mene pitate. Mislim da ni sama nije znala zašto i na koji način, ali volela ga je. Koketirala je sa drugima, da se razumemo, i ljubila je druge, puno njih… Ali nije imala tu iskru u očima i taj osmeh na licu kao kada bi pričala sa njim…“
„Znala je da će dio nje zauvek ostati s njim. Tamo gdje su onoga dana stali, ostao je njegov ponos, njen inat, prokockana šansa i jedno obećanje. Imali su sve, a izabrali su ništa.“
„Pa ipak, nije nesreća što me se ona ne seća, ma kakvi, nesreća je što se ja nje sećam…“
„Posmatrajući kako je posmatraju, zatekao sam sebe u onom pomerenom osećaju kad si jako ponosan na sebe zbog nečeg što uopšte nisi ti. To je moja devojka…“
„I kada jednom odlučim da odem… Neće mi nedostajati ni tvoj osmeh, ni glas, ni pogled. Nećeš mi ti nedostajati. Nedostajaću sebi onakav kakvog si me ti činila.“
„Ne znam zašto od svakog koga upoznam pokušavam da napravim savršenu tebe. I ne znam zašto se posle svega uvek vraćam tvojoj nesavršenosti… Valjda je to ljubav, mila.“
„Dobro sam, fališ mi samo ponekad, najcešce pred spavanje. Malo razmišljam o svemu što je bilo, malo zamišljam šta je moglo biti, a ujutru… Ma ujutru, to više nije važno, osmijeh mi izmame sitnice. Srecan sam ja, samo tebe nemam, ostalo je sve tu, nemam se ja za šta žaliti, dobro sam!“
„Da li su to stvarno bili bolji dani, ili smo to bolji bili mi?!“
„Dotad sam devojke, razmišljajući o njima, uglavnom svlačio do gole kože. U mojim malim noćnim fantazijama bile su postrojene kao na sistematskom pregledu, i retko je koja uspela da sačuva na sebi par crnih čarapa, ili neku sličnu perverznu krpicu. Ona je bila prva koju sam obukao u nešto…“
„Izmislili su milion načina da vreme prođe, a ni jedan jedini da se zaustavi. Što se mene tiče, više i ne moraju da rade na tome. Ovo baš nisu neka vremena za zaustavljanje.“
Не знам што фонт е ова, се испотив за да прочитам до крај. Во секој случај убаво е да се прочита текст што секој што доживеал вистинска љубов го мисли но неможе да се изрази како овој генијалец.
Balasevic….unikaten e…romanticno realen ili obratno…seedno …jas go obozuvam 🙂
Совршено, топло, уникатно, неповторливо ….
те допира до сржта, те разголува до коска ….
LOSO LOSO LOSO LOSOOO