Прекрасниот одговор на еден сопруг на прашањето: „Зарем не ти пречи нередот во домот?“
Понекогаш изгледа невозможно да го одржувате домот чист, особено заедно со работата, децата и останатите секојдневни обврски. За среќа, среќниот брак не зависи од чистиот дом, а тоа е пораката која еден сопруг и татко сакал целосно да ја разјасни.
Кога Клинт Едвардс, сопруг и татко на три деца кој го води блогот „No idea What I’m Doing: A Daddy Blog“, го слушнал прашањето од својата мајка: „Зарем не ти пречи што Мел не го одржува домот чист?“, на почетокот воопшто не знаел што да одговори. Знаел дека прашањето не ја напаѓа неговата сопруга, туку е чиста љубопитност од страна на својата мајка, па токму затоа се одлучил својата приказна да ја сподели на Фејсбук.
Во својата објава, Клинт истакнал дека неговата жена не мора да го чисти нивниот дом. Неговата порака треба да допре до секој пар и да нè потсети на тоа дека во животот постојат многу поважни работи од чистиот дом.
Интернетот е преплавен со интересни пораки и поучни совети, па токму затоа погледнете го најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле.