Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Периодот пред Велигден е совршен за запознавање со најубавите техники за фарбање јајца. Сите методи што ќе ги презентираме се целосно природни, односно не вклучуваат употреба на хемиски средства и не претставуваат никаков ризик по здравјето.

1. Стар метод со „тревки и чорапи“

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Иако е доста стара, оваа техника на фарбање јајца сè уште е незаменлива. Наберете тревки и цвеќињата, нанесете по една тревка и/или цвет на секое јајце, а потоа ставете ги во мрежести чорапи и заврзете. Така завитканите јајца сварете ги во лушпи од кромид, или веќе сварените јајца ставете ги во боја од кесичка.

2. Мермерни јајца

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Можеби звучи како нешто комплицирано што одзема многу време и материјал, но всушност е исклучително едноставно. Сè што ви треба се обична боја за јајца и неколку лушпи од кромид. Исечкајте ги лушпите на мали парчиња, а потоа нанесете ги на влажно варено јајце и завиткајте го јајцето во мрежест чорап и ставете го во растворена боја за јајца.

3. Декупаж техника

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Сè што ви треба се белки од јајца, варени јајца, ножици, четка и салфетки. Важно е да ги исечете најубавите мотиви од трослојните салфетки. За украсување ќе ви треба само еден слој од салфетката. Откако ќе ги исечете деловите од салфетките со кои сакате да ги украсите јајцата, ставете еден слој од салфетката врз јајцето и нанесете со четка од белката врз него. Така салфетката ќе се залепи врз јајцето, а ќе добиете прекрасен ефект. Потоа само премачкајте ги јајцата со масло и оставете ги да се исушат.

4. Јајца со мозаик

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

За оваа техника ви требаат две бои (најдобро контрастни) и малку самолеплива трака. Секако и малку трпение – но вреди! Варените јајца прво треба да ги офарбате во едната боја, па да ги оставите да се исушат врз сунѓер, па да им нанесете триаголни облици од самолепливата трака, па да ги ставите во другата боја. Откако јајцата ќе се исушат, треба само да ги отстраните деловите од лепливата трака и добивате прекрасен ефект.

5. Шарење со восок – полесно отколку што мислите

Прекрасни велигденски јајца: 5 техники за природно фарбање кои секому успеваат

Оваа прекрасна стара техника за фарбање јајца воопшто не е комплицирана. Потребно ви е следново: обичен молив, иглички (може и чепкалки за заби), обична боја за фарбање јајца, голема восочна свеќа и варени јајца. А постапката е следна:

На моливот ставете ја игличката и ова ќе ви биде алатка за шарење на јајцата. Запалете ја свеќата, оставете ја малку да погори за да има растопен восок околу фитилот. Игличката ставете ја во растопениот восок, а потоа на органот од свеќата, и брзо исцртајте го вареното јајце.

Потребно е малку вежбање за да стекнете прецизен потег. Ако нанесениот восок е премногу тенок, нанесете уште еднаш. Потоа офарбајте ги јајцата во растворена боја во врела вода и малку оцет, но и не мора да ги фарбате, бидејќи тие и без тоа се прекрасни.

Можеби сакате да ги направите и овие велигденски еднорози за незаборавни празнични денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар