Прекрасни планински викендички за рајско уживање
За оние кои се ориентирани повеќе кон природата и планините, летото секогаш е период кога сакаат да се опуштат и да ги наполнат батериите во длабока сенка и на чист воздух. Без никаков строг распоред на времето во денот, без технологија и без никаква агенда. Препуштање на уживањето и целосно исклучување од светот.
Совршени места за оваа пригода се планинските дрвени куќички, кои ги има насекаде низ светот по планините. Тука ќе имате прилика да видите повеќе примери на планински викендички, од класични американски и традиционално британски, па сè до ултрамодерни и луксузни. Па, кој не би посакал да поседува едно вакво мало парче рај, во прекрасните планински предели на нашата земја.