Прекрасни фотографии: Бебе камелеон не знае дека излегло од јајцето
Овој новороден камелеон сѐ уште нема сфатено дека веќе е изведен од јајцето. Ник Хен, сопственик на камелеони во Пенсилванија, неодамна направил прекрасна фотографија од камелеон кој само што излегол од својата школка. Мислејќи дека сѐ уште се наоѓа во јајцето, тој останал завиткан во топка, со опашката сместена над своето рамо, давајќи ни увид во светот на развивањето на камелеоните.
Растејќи, Хен секогаш копнеел да има син пантер камелеон, специјален вид од Мадагаскар.
„Тоа беше како моја животна цел“, вели тој низ смеење.
Откако завршил со училиште, Хен започнал да одгледува камелеони, особено неговиот сакан вид. Имено, тие растат во своите школки од седум до осум месеци. Кога доаѓа големиот ден, камелеонот користи посебен „заб“ за да ја пресече внатрешната мембрана. Целиот процес на излегување може да трае и до еден ден. Во дивината, доколку камелеонот не е доволно силен самиот да го скрши јајцето, тој умира.
За среќа, овој мал вид бил спасен. Но, Хен се прашува зошто тој не се разбудил веднаш? Изгледа дека никој не знае за сигурно. Можеби во тоа време немало доволно светлина. Според искуството на Хен, кога заробените камелеони се изложени на светлина, тие се будат. Иако во дивината ситуацијата е поинаква, овој пантер камелеон е жив и здрав. Па, понекогаш сѐ што ви треба е некој да ви подаде рака.