Прекрасни цитати за сите сингл девојки

Прекрасни цитати за сите сингл девојки

Каков е вашиот љубовен живот многу зависи од тоа како пристапувате кон него. Многумина, кои поминале подолго време во врска, не знаат како е да се биде сингл. Всушност, кога ќе се најдат во ваква ситуација, тие не знаат што да прават додека „трае оваа фаза“. Од друга страна пак, постојат девојки коишто уживаат во ваквиот статус. Но, каков и да е вашиот карактер, постојат низа предности кои ви се нудат кога до вас не е партнерот од соништата.

Во овие неколку цитати ќе се пронајдат оние коишто подолго време ја искусуваат сладоста на статусот сингл.

„Толку е погрешно жената да очекува мажот да го изгради светот што таа го сака, наместо таа да си го создаде самата.“ ― Анаис Нин

„Премногу жени се впуштаат во љубовна врска бидејќи се плашат да бидат сами, а потоа почнуваат да прават компромиси и да го губат својот идентитет.“ ― Џули Делпи

„’Сингл’ е збор што ја опишува личноста којашто е доволно силна за да живее и ужива во животот, без да зависи од другите.“ ― Непознат автор

„Кога се чувствуваш тажно и осамено затоа што си сингл, сети се дека постојат многу луѓе кои се заглавени во лоши врски и посакуваат да бидат на твое место.“ ― Памела Куминс

„Никогаш не ќе можеш да бидеш среќна како нечија друга половина, ако не бидеш среќна како своја целина.“ ― Непознат автор

„Ако си слободна, фокусирај се на тоа ти да бидеш подобра наместо да бараш некој подобар од твојот претходен партнер. Ако ти си подобра, ќе привлечеш и подобар иден партнер.“ ― Варша Шарма

„Понекогаш е подобро да бидеш сама за да дознаеш каков е твојот свет без помошта од некој друг.“ ― Непознат автор

„Ако си слободна не мора да значи дека си осамена. Тоа значи дека го одмараш своето срце, додека се подготвува повторно да сака.“ ― Непознат автор

„Да си сингл не значи дека не знаеш ништо за љубовта. Тоа значи дека знаеш доволно за да ја чекаш!“ ― Непознат автор

„Да, сама сум. Но сама сум и слободна“. ― Елса (Frozen)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. klara Reply

    divno

Остави коментар