Прекрасни цитати за есента кои ќе ве убедат да го засакате ова годишнo време

Прекрасни цитати за есента кои ќе ве убедат да го засакате ова годишнo време

Малкумина ја сакаат есента бидејќи таа го означува крајот на летото, времето заладува, постојано е врнежливо и денот многу се скратува. Но, есента има своја незаменлива убавина. Пејзажот е прекрасен, храната превкусна, а кој може да им одолее на сите тие чизмички, капути и други есенски парчиња облека? Во воздухот владее некоја посебна магија.

Прекрасни цитати за есента кои ќе ве убедат да го засакате ова годишнo време

Доколку есента ве начека малку неподготвени и потребна ви е мотивација за да бидете инспирирани во текот на ова годишно време, погледнете ги следниве неколку цитати кои одлично ја доловуваат нејзината магична и незаборавна атмосфера.

„Сега есенскиот оган полека се разгорува низ шумите и ден по ден остава мртвите лисја да паѓаат и да се топат.“ – Вилијам Алингам

„Есента е втората пролет каде секој лист е цвет.“ – Албер Ками

„Летото завршува, есента почнува и кај оној кој би сакал да биде поинаку плимата секогаш ќе биде висока, а месечината полна секоја вечер.“ – Хал Борланд

„Мојата тага кога е тука со мене смета дека темните денови на есенскиот дожд се убави колку што можат да бидат убави деновите. Таа ги сака голите, обелени дрвја. Таа сака да чекори по влажната земја. “ – Роберт Фрост

„Есента е пријатен период.“ – Вилијам Алингам

„Пролетта, летото се многу тензични периоди за луѓето, но тогаш доаѓаат есента и зимата и не можете а да не се присетувате на годината што изминала и со нетрпение да ја очекувате годината што се наближува.“ – Енја

Прекрасни цитати за есента кои ќе ве убедат да го засакате ова годишнo време

„Ја видов старата есен во магливото утро стоејќи како тишина без сенка, слушајќи ја тишината.“ – Томас Худ

„Дел од мене посакува засекогаш да шета под есенските лисја, со куферче полно со делата на Шекспир и Јеитс и со подвижен шах. Ќе минувам покрај старото дрво каде една летна вечер лежев на тревата со прекрасна млада жена и заедно го цитиравме Е.Е. Камингс одново и одново.“ – Роџер Еберт

„Превкусна есен! Мојата душа е венчана со неа и да бев птица ќе летав околу земјата барајќи ја наредната есен.“ – Џорџ Елиот

„Кога ќе падне есенскиот мрак, ќе се сеќаваме на малите добри дела: Торта, прегратка, покана за разговор и секоја можна роза. Сето ова е израз на народ кој се зближува и се грижи за себе.“ – Џенс Столтенберг

„Според сите овие прекрасни знаци, есенските денови пристигнаа со најдоброто време од летото и најголемата радост од есента.“ – Хелен Хант Џексон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар