Прекрасни цитати за чевлите

Прекрасни цитати за чевлите

Постојат неколку прекрасни цитати за љубителите на чевлите. Тие заземаат посебно место во женските срца, зар не девојки?

0-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

Елвис Присли пееше за неговите сини антилопски чевли (Blue Suede Shoes), Дејвид Боуви ни порача да ги облечеме нашите црвени чевли и да танцуваме на блуз (Let’s Dance), Ненси Синатра нè потсети дека чизмите се создадени да чекорат (These Boots are Made for Walkin’). Во сите овие случаи чевлите се употребени како метафора за да ни дадат нов, поинаков поглед на светот.

1-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Моите нозе сè уште чекорат по земја, само што сега носам поубави чевли.“ – Опра Винфри

2-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Ако сакате да се заљубите во чевли, слободно. Чевлите не можат да ви ја возвратат љубовта, но од друга страна, не можат ниту длабоко да ве повредат. А има толку многу привлечни чевли.“ – Алан Шерман

6-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

Иднината ти нуди милион патишта од кои можеш да избереш, но ќе чекориш малку повисока во високи потпетици.“ – Од мјузиклот „Лак за коса“

4-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Факт е дека понекогаш е тешко да одиш во женски чевли како сингл девојка. Затоа одвреме-навреме ни требаат некои навистина посебни за да ни го направат чекорењето малку позабавно.“ – Кери Бредшо, „Сексот и градот“

5-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Дајте ѝ ги на жена вистинските чевли, и таа ќе го освои светот.“ – Мерлин Монро

3-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Чевлите кои му се точни на еден човек, друг го набиваат. Не постои рецепт за живеење што одговара за сите.“ – Карл Јунг

7-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Жена со добри чевли никогаш не е грда.“ – Коко Шанел

8-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Јас без тебе сум како чевли без врвки, бубалица без протези, реченицабезпразенпростор.“ – Бајка за чевлите

9-prekrasni-citati-za-chevlite-kafepauza.mk

„Пепелашка… доказ дека нов пар чевли можат да ти го променат животот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар